Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Проголтајте ја конкуренцијата2

progoltajte-ja-konkurencijata-2-povekjeГолем број успешни луѓе често умеат за себе да зборуваат во трето лице. Тоа особено се случува кога многу ќе се искачат на скалилата на успехот.

 

Некои можеби ќе помислат дека тие се шегуваат, но бидете уверени дека тоа не е шега. Успешните луѓе не се шегуваат на своја сметка.

progoltajte-ja-konkurencijata-2

Тие своите мани и недостатоци успеваат да ги претворат во свои предности. Да речеме, вие можеби мислите дека не треба да им верувате на луѓето кои што викаат на своето работно место, или било каде на друго место.

Тука грешите, бидејќи на луѓето понекогаш им е потребно гласно да го искажат своето незадоволство, а успешните луѓе од викањето умеат да направат стратешко средство. Тоа е тн. „Уметност на викање“ толку комплексно и тешко совладливо што би можело да се изучува на факултет како предмет.

Суштината е едноставна: го користите своето незадоволство за да ги уплашите луѓето, да ги засрамите, да ги натерате да се почувствуваат лошо, но и истовремено очајнички да се обидуваат повторно да ви се додворат.

Викањето исто така создава желба тоа да не го доживеете повторно. Доколку викањето се изведува како што треба,  резултира со армија послушни луѓе чија единствена цел не е да ја извршуваат работата како што треба туку да одбегнуваат да го налутат оној  што вика.

Истовремено, тоа подразбира да имате список на оние кои некогаш ве повредиле, навредиле или биле подобри од вас на начин кој ја загрозува вашата супериорност.

Доколку во меѓувреме вашите противници самите не се уништат, ќе мора вие тоа да го сторите. Така си е тоа. Морате да бидете брзи во уништувањето на противникот, бидејќи тие често пати многу побргу од вас работат на сопственото уништување.

За да си го дозволите тоа исклучително чувство на победа и надмоќ, потрудете се да покажете помалку злоба, инаку ќе се издадете.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg