Топ 17 совети за сите што работат од дома поради заштита од корона вирусот

Колку тешко ви оди работењето од дома периодов поради корона вирусот? Дали сте побавни во работата?

top-17-soveti-za-site-shto-rabotat-od-doma-poradi-korona-virusot-01_resize_resize.jpg

Корона вирусот го ограничи движењето и многу луѓе периодов работат од дома.

Не знаеме колку време ќе трае овој период, па затоа треба дома да си направите здрава работна средина.

Советите од фриленсерите кои постојано работат од дома ќе ви помогнат:

- Направете си рутина и имајте редовни паузи за телефонски разговор со некој пријател, работењето од дома може да биде навистина осаменичко искуство.

- Паузата искористете ја за да се размрдате со неколку вежби или дури и да завршите некоја ситна работа во домаќинството.

- Не работете облечени во пижами и организирајте си место што ќе ви биде работен простор.

- Не гледајте телевизија во текот на работниот ден, дури ниту на паузата.

top-17-soveti-za-site-shto-rabotat-od-doma-poradi-korona-virusot-02_resize.jpg

- Одлогирајте се од социјалните мрежи и поставете си временска рамка за работа.

- Излегувајте на тераса на куси паузи за да ве фати свеж воздух.

- Станувајте од време навреме и направете по некој чекор.

- Направете си листа на работни обврски кои треба да ги завршите до крајот на работниот ден.

- Не ручајте пред компјутер.

- Направете група на Skype со која ќе комуницирате со колегите и ќе споделувате информации околу работата.

top-17-soveti-za-site-shto-rabotat-od-doma-poradi-korona-virusot-03_resize.jpg

- Ако ви дозволува работната позиција, станете порано за да завршите порано, па да имате време и за попладневна дремка.

- Нагласете им на домашните дека работите и дека не треба да ви пречат.

- Не грицкајте цел ден, имајте убав појадок, а потоа ручек, ако треба и порано.

- Работете во просторот што си го одредивте за тоа, немојте во дневна, па во спална, па во кујна, односно насекаде.

- Ставете си слушалки на ушите со релаксирачка музика, за да не ви пречи вревата од домот.

- Средете си го домот од вечерта за да не работите во хаос наредниот ден.

- Инвестирајте пари во убава столица, вратот и грбот ќе ви бидат благодарни.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg