Навики на милионерите кои сами го заработиле своето богатство
Сите луѓе кои станале милионери морале да започнат од некаде.
Повеќето од нив се трансформирале од „обична“ личност во милионер благодарение на „навиките на богатите“.
Ова е термин смислен од Томас К. Корли, кој поминал 5 години проучувајќи ги секојдневните навики на 177 милионери кои самите го заработиле богатството.
Па, ако и вие сакате да спаѓате во оваа група луѓе, погледнете кои се навиките што ги забележал Томас:
Постојано читаат
Богатите луѓе повеќе сакаат да научат нешто отколку да се забавуваат. Наводно, тие секој ден минуваат барем половина час во читање и едуцирање.
Најчесто читаат биографии на успешни луѓе, книги за самопомош и личен развој, како и историски книги.
Вежбаат
76% од богатите вежбаат секој ден, а најчесто трчаат, пешачат или возат велосипед. Овие физички активности не само што го зајакнуваат телото, туку се добри и за вашиот мозок.
Се дружат со други успешни луѓе
Досега сигурно сте слушнале дека вие сте успешни само колку луѓето со коишто се дружите.
Богатите луѓе секогаш бараат личности кои се оптимисти, кои имаат цели и кои имаат позитивен поглед кон светот.
Волонтираат
Бидејќи сакаат да се опкружат со добри луѓе, многу богати личности волонтираат. Дури 72% од нив волонтираат барем 5 часа секој месец.
Го замислуваат нивниот совршен живот
Ова е техника со која си го замислувате идеалниот живот. Во овој процес, вие ја дефинирате вашата иднина, си замислувате дека ги постигнувате целите, а потоа запишувате што треба да правите.
Ги следат нивните цели
Следењето на вашите цели и желби е рецепт за долготрајна среќа, но и за стекнување богатство.
Богатите луѓе имаат јасно дефинирани цели и прават сè за да ги постигнат.
Спијат барем 7 часа навечер
Сонот е клучен за вашиот успех. Според едно истражување, 89% од милионерите спијат 7-8 часа секоја вечер.
Се будат рано
Речиси 50% од милионерите изјавиле дека се будат 3 часа пред да им почне работниот ден.
Ова е одлична стратегија со која наутро ќе имате време за себе, а истовремено ќе го избегнете стресот од брзањето да стигнете на работа и слично.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





