Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да се справите со тешките луѓе со кои работите?

Речиси сите сме работеле со тешки луѓе, комплицирани колеги кои никогаш не се задоволни или постојано се жалат. Само оние ретки среќници немале вакво искуство.

Kako-da-se-spravite-so-teskite-luge-so-koi-rabotite-01.jpg

Како да ги преживеете тие 8 часа на ден, без да ја изгубите главата? Не се грижете, постојат неколку стратегии кои можат да ви помогнат да се справите со тешките колеги, а ова се некои од нив:

Скријте се

Држете се притаено, обидете се да не им се најдете на патот на комплицираните колеги. Колку поретко се гледате, толку поуспешно ќе се справувате со нив. Кога ќе ги видите како шетаат по ходникот, тргнете се и застанете подалеку од нив.

Kako-da-se-spravite-so-teskite-luge-so-koi-rabotite-03.jpg

Тие навистина не мислат онака како звучат

Постојат пријатни, добри и нежни начини на комуникација, како и агресивни, негативни и штетни. Зошто тешките луѓе секогаш го користат второто?

Постои одреден вид јазик што е важно да се разбере за да можеме да се справиме со тешките луѓе. Потребно е да се изостават навредливиот тон, саркастичните забелешки и непријателството за да ги видите вистинските емоции што се наоѓаат во нив.

Разберете ги на некој начин - што навистина сакаат да го кажат и одземете го непријателскиот тон. Исто така, важно е да не ја доживувате лично нивната негативност, бидејќи истата не е ваш, туку нивен проблем.

Фокусирајте се на вашата работа

За да го намалиме времето и енергијата што ја трошиме на тешките соработници, важно е да се фокусираме на нашите должности, одговорности и работа. Вршење на работата и решавање на дневните обврски ќе ни остави минимален простор да се справиме со негативноста на соработниците кои тешко можат да се задоволат.

Kako-da-se-spravite-so-teskite-luge-so-koi-rabotite-02.jpg

Разговарајте 

Овие стратегии не се лесни. Истите бараат многу сила. Затоа е важно да имате поддршка на работното место и пошироко. Обидете се да ги намалите страстите зборувајќи за ситуациите на работното место.

Побарајте совет за да им помогнете на другите да се справат со овие ситуации, размислете за други стратегии и, генерално, обидете се да ги направите тешките луѓе лесни во вашиот ум.

Вашата способност да ги толерирате тешките личности може да биде пропорционална со вашиот успех на работа. Колку повеќе ќе напредувате, толку повеќе такви луѓе ќе сретнете. Колку повеќе стратегии имате за да се справите со ваквите личности, толку повеќе вредни и поуспешни ќе бидете во вашата кариера.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg