Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што е комплекс на Супермен?

За многу луѓе, работата е важен дел од животот. Истата дури може да им претставува сè во животот - тие живеат за работа. Некои луѓе што се сметаат за зависници од работа можат да страдаат од комплексот на Супермен.

Znaete li sto e kompleks na Supermen 01

Овој комплекс се карактеризира со прекумерна самодоволност, решителност, барања и брзина на дејствување.

Името „комплекс на Супермен“ го измислил деловниот менаџер Макс Кери.Тој самиот страдал од овој комплекс, а според него, луѓето кои страдаат од него сметаат дека треба сами да направат сè и се обидуваат да го сторат тоа многу подобро од другите.

Како да го препознаете овој комплекс?

Во професионалното опкружување се развиваат многу односи помеѓу работниците. Секој од нив работи на поинаков начин. Секогаш го имаме гласниот, мрзливиот, интровертниот, вредниот работник. Како да го препознаете комплексот на Супермен?

Човек што прави сè сам, без да бара помош од другите, дури и ако му треба. Тој не делегира ништо и не е важно дали работата е долга или тешка.

Човек со многу високо его и гордост. Тој никогаш не ги покажува своите слабости и дава сè од себе за да скрие знаци на ранливост.

Осамен човек што не верува никому. Лицето со комплексот на Супермен е крајно конкурентно.

Znaete li sto e kompleks na Supermen 02

Луѓето кои страдаат од овој комплекс индиректно ги запоставуваат своите социјални односи. Одвоени се од нивниот приватен живот, што ги вклучува и нивните врски со луѓето, без оглед дали се работи за семејството, партнерот или пријателството.

Ако имаат деца, најчесто ги напуштаат за да постигнат ниво на совршенство во својата работа, бидејќи работата им е поважна од семејството и пријателите.

Како да се третираа овој комплекс?

Првиот чекор е да се идентификува проблемот. Важно е да научите како да делегирате задачи кога е потребно, на крајот на краиштата, тимската работа е многу ефикасна.

Конечно, мора да научите да бидете смирени и да признаете дека другите можат да имаат слични или дури и подобри перформанси од вас. Ако некое лице страда од овој комплекс ќе има потешкотии да ја прифати оваа реалност.

Znaete li sto e kompleks na Supermen 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg