Неочекувани фактори кои влијаат на тоа дали ќе ја добиете работата или не по интервјуто

Знаењето, искуството и ставот влијаат многу на тоа дали ќе ја добиете позицијата за која ве интервјуираат, но има уште неколку невообичаени фактори.

neochekuvani-faktori-koi-vlijaat-na-toa-dali-kje-ja-dobiete-rabotata-ili-ne-po-intervjuto-01.jpg

Успехот на интервјуто зависи од многу други чудни фактори, кои можеби звучат неверојатно, но сепак има логика.

Времето на денот на интервјуто и уште неколку работи кои треба да знаете дека имаат влијание врз вашата професионална иднина.

Ќе биде полесно кога ќе ги имате предвид:

Колку рано доаѓате на интервју

Доаѓањето пред закажаниот термин е одлична идеја, но не и прераното доаѓање, бидејќи тоа може да ви ги намали шансите, бидејќи ќе изгледате како да им вршите притисок или да сте премногу очајни.

Затоа, одете 5-10 минути пред закажаното време. Ако стигнете порано, чекајте надвор.

neochekuvani-faktori-koi-vlijaat-na-toa-dali-kje-ja-dobiete-rabotata-ili-ne-po-intervjuto-03.jpg

Времето на денот на интервјуто

Постојат истражувања кои покажуваат дека времето влијае на кандидатите, но и на рекрутерите. Луѓето кои реагираат на променливо време не се многу внимателни, а некогаш и шират негативна енергија.

Интервјуата на облачно време секогаш имаат полоши резултати за 1% за разлика од оние на ведри денови.

neochekuvani-faktori-koi-vlijaat-na-toa-dali-kje-ja-dobiete-rabotata-ili-ne-po-intervjuto-2.jpg

Редослед на кандидати

  • Немојте да чекате прв ред доколку сите кандидати се собрани на едно место – рекрутерите ги споредуваат сите кандидати, а првите најчесто се надминати од оние после нив и импресиите избледуваат
  • Немојте да бидете ниту последни во редот – рекрутерите се веќе изморени од размислување, испрашување и одлучување, па може да направат погрешна проценка за вас на крајот од интервјуирањето
  • Немојте да бидете ниту во средина – најдобро е да бидете некаде по првиот, зависно колку кандидати има

neochekuvani-faktori-koi-vlijaat-na-toa-dali-kje-ja-dobiete-rabotata-ili-ne-po-intervjuto-04.jpg

Бојата на облека која ја носите на интервју

Според многу специјалисти за човечки ресурси, најдобро е да дојдете на интервју облечени во конзервативни бои – црна, бела или кафеава.

Не носете портокалова или други дречливи бои.

Каде ќе седнете

Кога ќе ве понудат да седнете, а столчето не ви изгледа удобно наместено, не се двоумете и слободно свртете го или преместете го како што ви одговара. Така ќе покажете дека сте самоуверена личност од акција, што ќе ви ги зголеми шансите за успех.

Кога ќе ве понудат кафе или чај

Секако, на интервју може да ве понудат со кафе или чај, но треба да знаете кога како да реагирате.

Ако има секретарка која ве нуди и ќе го направи, во ред е да прифатите. Но, во спротивно може да одбиете бидејќи нема логика рекрутерот да губи време на правење кафе. Може да побарате само вода за освежување и смирување.

neochekuvani-faktori-koi-vlijaat-na-toa-dali-kje-ja-dobiete-rabotata-ili-ne-po-intervjuto-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg