Како да се подготвите за враќање на работа по летниот одмор?

Конечно сте го искористиле вашиот годишен одмор и сте отишле на заслуженото патување. Посакувате овие денови да траат засекогаш, но, враќањето на работа е неизбежно, а оваа помисла може навистина да ве мачи.

kako-da-se-podgotvite-za-vrakjanje-na-rabota-posle-letniot-odmor-001.jpg

Никој не сака да зборува за мејлови, договори и крајни рокови после неверојатен одмор.

Сепак, не можете да го избегнете ова, па добро е да знаете како да се подготвите за работа после вашето летување.

Совети кои ќе ви помогнат полесно да се приспособите на работа после одморот:

Немојте да работите веднаш откако ќе се вратите

На секој му е потребно време да се приспособи. Доколку можете, земете уште ден-два после вашето патување за да се релаксирате пред да се вратите во канцеларија.

Дури и ако треба да чистите или имате други обврски, сепак дајте си барем некој краток одмор по одморот. Фокусирајте се на приспособувањето.

Доколку не го направите ова, покрај заморот, ќе треба да се справувате и со дополнителен стрес.

Олеснете си го враќањето на работа

Пред да се вратите на работа, добро испланирајте го првиот работен ден. Направете листа со обврски и одредете ги вашите приоритети. Откако ќе го направите планот, одвојте и време за размислување.

Најпрво почнете со обврските што сте ги оставиле пред одморот. Ова ќе ви помогне да се вратите во нормала. Можеби ќе бидете во искушение веднаш да почнете со нов проект, но ова само ќе ви предизвика непотребен стрес.

Фокусирајте се на нештата што знаете како да ги завршите и што бараат најмалку труд. Почнувањето со едноставни задачи ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ве мотивира.

kako-da-se-podgotvite-za-vrakjanje-na-rabota-posle-letniot-odmor-02.jpg

Земете мал дел од одморот со вас

Сувенирите се одличен начин да се потсетите дека е во ред да направите пауза и да уживате во животот. Сувенирот може да биде што и да посакате.

Можеби ќе купите некое есенцијално масло што ќе ве потсетува на одморот. Или пак ќе си пуштите некоја песна што ќе ве врати во опуштените денови. Фотографија од одморот исто така има позитивно влијание.

Разговарајте со другите, дури и ако не сакате

Сосема нормално е колегите да ве прашаат како сте поминале. Сосема е во ред е да разговарате за тоа. Нема потреба да мислите дека се фалите само затоа што сакате да го споделите вашето искуство.

Доколку сепак сте загрижени за туѓото мислење, прашајте ги соговорниците за нивниот одмор доколку биле, или за нешто што планираат во иднина.

Ќе се изненадите кога ќе откриете колку луѓето сакаат да разговараат за патувања. Најдоброто е што на овој начин уште толку ќе се зближете со вашите колеги.

kako-da-se-podgotvite-za-vrakjanje-na-rabota-posle-letniot-odmor-003.jpg

Одете на работа со „нови очи“

Можеби сте биле фрустрирани од некоја задача пред да одите на одмор бидејќи не сте можеле да ја завршите. Сега, кога одморивте, можете да ги гледате нештата од друга перспектива.

Понекогаш сè што ви е потребно е мала пауза за да се вратите на вистинскиот пат.

Правете паузи во текот на денот

Доколку веднаш пробате да работите со исто темпо како и пред одморот, едноставно кажано, ќе прегорите. Не ѝ дозволувајте на вината да ве убеди дека треба да работите повеќе бидејќи сте биле на одмор.

Сега, кога вие сте во канцеларија, сигурно има друг колега кој е на одмор. Бидете добри кон себе и не заборавајте дека и вам ви е потребен одмор, но и време да се прилагодите после него.

На секои три часа правете пауза од 10-тина минути. Можеби ќе ви изгледа невозможно, но ќе издржите. Најважното е да се фокусирате на едно нешто во моментот.

kako-da-se-podgotvite-za-vrakjanje-na-rabota-posle-letniot-odmor-004.jpg

Спирова С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg