Ефикасни стратегии за што помалку да велите „да“ кога нема потреба од тоа
Некогаш, едноставно, не ви оди да одбиете некого поради најразлични причини, а знаете дека кога ќе прифатите, може да биде и премногу за вас.
Иронично, но една од најважните лекции што треба да ги научите во животот е да кажете „не“, а што помалку да велите „да“ за нешта кои не сакате да ги направите.
На овој начин ќе спречите да се впуштите во проблеми за кои не сте одговорни, но и нема да се доведете во ситуација да сносите одговорност за нешто што не е ваша надлежност.
Ова се шест ефикасни техники кои ќе ви помогнат во тоа:
Разјаснете ги приоритетите
Без разлика дали се работи за работното место или за приватниот живот, секогаш знајте кои ви се приоритетите и според тоа носете ги одлуките. Ако нешто не се вклопува, тогаш подобро е тоа да го препуштите на некој друг.
Поставете граници
Секој, па дури и вие самите, треба да биде свесен за вашите граници. Дозволувајте им на луѓето да им се доближуваат, но не и да чекорат по нив.
Паузирајте пред да се обврзете
Многу пати луѓето ќе ве наведат да се обврзете на нешто, а вие тоа да го направите импулсивно, без многу размислување. Но, прво земете воздух, токму тие неколку секунди може да се клучни меѓу носење добра и фатална одлука.
Научете да речете „не“
Добрите лидери веќе научиле да кажат „не“ и тоа го прават доста често. Всушност, тие се толку добри во тоа, што ќе се почувствувате дека ви олеснува кога ќе ви кажат „не“.
Научете да делегирате
Бидете фокусирани на тоа да изберете вистински тајминг, вистински луѓе и вистински ресурси за да го постигнете она што сте го замислиле.
Ако треба, преговарајте
Ако сте лидер на тим, тогаш треба да умеете да работите со сите како тим, но и како поединци. Објаснете им зошто е потребно да се запазат роковите и да не се надминуваат однапред одредените трошоци.
Е. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





