Што сè може да се научи од старото актерско резиме на Меган Маркл?

Кога Меган Маркл не ни помислуваше дека еден ден ќе стане војвотка и член на кралско семејство, таа правела сè што може за да го оствари својот актерски сон.

shto-se-mozhe-da-se-nauchi-od-staroto-aktersko-rezime-na-megan-markl-01.jpg

Точно, како и сите други, таа аплицирала за работа со својата кратка биографија.

Но, со нејзиното старо резиме, иако оставила впечаток на прекрасна актерка, всушност не потпишала договор со агенцијата, поради ограничените релевантни податоци.

Нејзината кратка биографија во делот за претходни искуства изгледала вака:

shto-se-mozhe-da-se-nauchi-od-staroto-aktersko-rezime-na-megan-markl-02.jpg

А била проследена и со оваа фотографија:

shto-se-mozhe-da-se-nauchi-od-staroto-aktersko-rezime-na-megan-markl-03.jpg

Сепак, од своите почетни искуства, таа научила неколку важни лекции:

Секој почнува од некаде

Колку и да е „нискобуџетно“, секое искуство ве прави она што сте денеска. Затоа не треба да испуштате намерно ниту една работа, дури и ако тоа бил ангажман во мултилевел маркетинг компанија или пак, физичка помош кај некого кого го познавате.

Аплицирајте дури и ако не ги исполнувате сите критериуми

Ако не исполнувате некој од бараните критериуми, секогаш можете да наведете некој од квалитетите кои не се бараат во конкурсот. Никој работодавач не бара совршен кандидат, туку приближен на она што им е потребно.

Некогаш фирмата во која сте работеле е поважна од работната позиција

Можеби по систематизација сте биле ниско во фирмата, но ако се работи за голема компанија која опслужува голем дел од пазарот, вашето резиме веднаш добива „на тежина“.

Конекциите се важни

Меган ги има наведено своите ментори и тренери, кои можат да потврдат дека таа навистина е тоа што го наведува. Кај неестрадните работници тоа би биле препораките од претходните претпоставени, како и сертификати од обуки.

Користете „Times New Roman“

Резимето е службен документ кој мора да изгледа пристојно, без фонтови, бои и стилови. Со оглед на тоа што во најголем дел случаи го праќате електронски, тоа мора да биде напишано во фонтот кој сите го имаат на својот „Офис“.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg