4 лоши работни навики од кои треба да се ослободите пред 35-тата
На 35-годишна возраст луѓето најчесто имаат околу 10 години работно искуство зад себе. За тоа време, би требало да се ослободат од сите лоши и детинести навики.
Без оглед на тоа што во 2018 година возраста не би требала да прави разлика во тоа како се однесувате во животот, сепак треба да воспоставите навики кои се соодветни на етапата во која се наоѓате.
Обрнете внимание на следниве четири навики и ако ги применувате, време е да ги промените:
Оставање неодговорени мејлови
Работата е стресна, а полниот инбокс воопшто не ја олеснува ситуацијата. Како ви е вас, така им е и на другите. Кога добивате мејл, важно е да го одговорите бидејќи некој чека на вашиот одговор. Задржете ја професионалната репутација, користете календари и потсетници и приоритетизирајте ги важните мејлови.
Избегнување на телефонски повици
Младите луѓе денес преферираат тексутална комуникација пред вербална, но тоа не значи дека треба целосно да го игнорирате вашиот телефон. Дури и многу полесно ќе договорите што и да треба и ќе се разберете со колегите и клиентите преку телефон, наместо тоа да го правите преку переписки.
Впуштање во канцелариски озборувања
По некој ситен трач разменет на паузата на кафе може да биде смешен, но внимавајте тоа да не прерасне во озборување или афера. Ако некој ви рече дека кај него во канцеларија нема озборување, бидете сигурни дека лаже. Но, сето тоа мора да биде во разумни граници, без штета за засегнатата страна.
Постојано извинување
Можеби постојано имате потреба да се извинувате или пак зборот „извини“ веќе влегол во вашиот речник и го користите без да забележите. Ако направите грешка нормално е да се извините, но престанете да го правите тоа само за да избегнувате конфликти или за да смирите некоја ситуација. Едноставно, зборот така го губи своето значење.
Е. Д. | Црнобело