Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Браво колешке!“ - Најопасните ментални замки и како да се ослободиме од нив?

Состојбата на умот му помага на човекот да ги прифати добрите работи и да се брани од опасните, без разлика дали се работи за приватниот или професионалниот живот.

najopasnite-mentalni-zamki-i-kako-da-se-oslobodime-od-niv-01.jpg

На пример, би било добро да престанете да се борите за да оставите личен печат врз сè што требате или да верувате дека сте најдобри во друштвото или колективот.

Прочитајте кои се петте најчести ментални замки во кои е лесно да се западне, но и како да се ослободите од нив:

1. Да кажете „Јас ќе го направам тоа“ кога гледате дека остатокот од тимот не е способен, а вие можете да завршите за неколку минути

Нема некој кој не ја направил оваа грешка и тоа не само на работа, туку и во секојдневието. Во еден момент ќе докажете дека сте способни и подобни за она што го работите, но веќе во следниот ќе ви се натрупаат уште повеќе задачи, но и други ќе се обидат да го злоупотребат вашето знаење.

najopasnite-mentalni-zamki-i-kako-da-se-oslobodime-od-niv-02.jpg

2. Мерите часови, а не напредок

Во даден момент, работата ви станува само 40-часовна неделна обврска и само броите кога ќе дојде петок. Или пак, намерно останувате прекувремено, за да оставите впечаток во очите на претпоставените.

Наместо тоа, сконцентрирајте се на она што го постигнувате во тие работни часови. Размислете дали резултатите би биле поинакви под други услови, на пример без прекувремена работа и пофлексибилно работно време. Ориентирајте се на целите, а не на поминатите часови.

3. Се чувствувате како да не паузирате

Многу луѓе често се доведуваат себе до работ на изнемоштеноста, сакајќи да дадат што повеќе подобри резултати. Тоа значи и дека земаат пократки одмори, спијат малку, ја носат работата дома...

Но, во реалноста, ваквиот начин е помалку продуктивен. Искористете ја паузата која ви следува врз основа на законите за работни односи, исто како и деновите за одмор.

najopasnite-mentalni-zamki-i-kako-da-se-oslobodime-od-niv-03.jpg

4. Се обидувате да бидете пријатели со членовите од тимот

Постојат случаи кога работата создала доживотни пријателства, но во најголем дел, колегите треба да задржат професионален однос, заснован на колегијалност, продуктивност и работна етика.

Доколку имате пријатели меѓу вашите колеги, негувајте го пријателството надвор од вратите на фирмата. Додека сте таму, држете се до професионалниот меѓусебен однос.

5. Чувствувате потреба постојано да ги фалите другите

Пофалете ги оние кои навистина добро ја завршиле својата работа и заблагодарете се на помошта. Најважно, никогаш немојте да давате лажен комплимент или пофалба, тоа не е професионално и конструктивно.

Доколку се препознавте во барем два од овие описи, потребно е да почнете да го правите спротивното. Штедете пофалби за кога работата ќе биде завршена точно како што треба, бидете професионални и не се обидувајте да ги преиспитувате сопствените граници на трпение и можности. Правете сè умерено и разумно и пресметувајте го секој чекор. Само на тој начин ќе успеете да бидете професионални, без да ви биде нарушен и личниот живот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg