Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бидете енергични на работа

bidete-energicni-na-rabota-povekjeУште еден здодевен и напорен ден на работа. Рефлексно ги поздравувате колегите, а со духот воопшто не сте ни присутни таму. Сè стана рутина...

 

...и монотонија. Се чувствувате поспано, хронично ненаспани и исцрпени. Ги броите часовите и минутите до крајот на работното време за да истрчате од фирмата.

Ако вака изгледа вашиот работен ден, повеќе од очигледно е дека ви треба промена. Она што вам ви треба е повеќе енергија на работното место.

Таа ќе ви ја зголеми активноста, ентузијазмот и мотивираноста, а проблемите ќе ги решавате многу покреативно и побрзо.

bidete-energicni-na-rabota

1. Спијте доволно долго. Недостигот на енергија е последица на недостаток на одмор. Потребни ви се 7-8 часа квалитетен сон дневно.

Пробајте една недела да си легнувате порано. Веднаш ќе забележите промена. Квалитетниот сон автоматски се одразува со подобро расположение, поголема активност, подобра концентрација.

2. Пијте повеќе вода. Редовното пиење вода доведува до поквалитетно и побрзо функционирање на организмот. Освен што ја хидратизира кожата, ги исфрлувате и токсините од вашето тело. Настојувајте да пиете 8 чаши вода дневно.

3. Вежбајте. Вежбањето не ве изморува. Напротив ви дава енергија. Влијае на намалување на стресот.  Потрудете се да вежбате барем 2 пати во неделата ако не можете почесто.

4. Консумирајте храна богата со енергија. Витамините Б2 и Б3 се важна алка во производството на енергија и оптимално користење на кислородот во организмот.

Исхраната пред се мора да е прилагодена на вас. Ако работите напорно, храна богата со јаглени хидрати како тестенини и житарици, е неопходна за да имате доволно енергија.

Природните сокови без шеќер се уште еден извор на здравје. Слатките ќе ви дадат енергија, но овој ефект е познат како налет на енергија кој брзо доаѓа и уште побрзо си оди.

5. Земете пауза. Не ја пропуштајте паузата на работа. 10 минути на чист воздух ќе ве вратат барем малку во форма. Константата работа исцрпува и води само до краткорочен успех и ваша изнемоштеност.

Би можело да ве интересира:

5-те најголеми маки на докторите во Македонија и светот На докторите на моменти им е потребна магија за да функционираат правилно во сис...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...
10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
7 квалитети кои надредените ги ценат кај вработените (заради кои сте незаменливи) Лидерство и мотивирање колеги дури и кога немате авторитетна позиција, јасна ком...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg