Извонредна филозофија која ќе ви го промени погледот кон животот

Џек Ма, или уште познат како Ма Јун, е кинески бизнис магнат, инвеститор и филантроп. Тој се води како еден од основачите на Alibaba group, и неодамна се најде на листата на најмоќни луѓе во светот, според Forbes.

izvonredna-filozofija-koja-ke-vi-go-promeni-pogledot-kon-zivotot-001.jpg

Џек Ма, освен по својот успешен бизнис, исто така е препознатлив и по неговите мотивациски говори.

Некогаш тинејџер кој возел велосипед по стотина километри само за да дава бесплатни туристички тури на туристи кои течно го говореле англискиот јазик, со цел да го усовршува истиот, а денес милијардер и еден од најмоќните светски бизнисмени, овој човек е извор полн со животни искуства и идеи кои не престануваат да жуборат длабоко во неговиот ум.

Еден од неговите најпознати говори, или, ако може да го наречеме животна филозофија, ги советува младите луѓе на следниот начин:

„На 25 години, не грижи се; секоја грешка е добивка, и прекрасен приход за тебе. Ова си го кажувам себеси и на моите млади луѓе.

Пред дваесеттата, биди добар ученик. Држи се блиску до претприемачот за да добиеш некакво искуство.

Пред да наполниш 30 години? Следи некого. Оди во мала компанија. Вообичаено, во голема компанија е добро да го учиш процесот на работење. Ти си дел од голема машина. Но, кога одиш во мала компанија, ја учиш страста, ги учиш соништата. Учиш како да извршуваш многу нешта истовремено. Затоа, пред твојата триесетта година од животот, не станува збор во каква компанија ќе заминеш, туку каков шеф ќе следиш. Ова е многу важно. Добриот шеф те учи поинаку.

Помеѓу триесеттата и четириесеттата, мора да размислуваш многу бистро, доколку сакаш да станеш претприемач. Дали си работел за себе?

Кога ќе бидеш меѓу 40 и 50 години, мораш да ги правиш сите работи во кои си добар. Не се обидувај да преминеш во нова област. Предоцна е. Можеби ќе успееш, но стапката на смртност во овие години е превисока. Затоа, помеѓу 40 и 50 години, размисли како можеш да се фокусираш на нештата во кои си добар.

Но, кога ќе дојдеш на возраст од 50 до 60 години, работи за младите луѓе, затоа што младите луѓе можат да работат подобро од тебе. Затоа, потпри се на нив, вложувај во нив, погрижи се дека се добри во тоа што ќе го работат.

Па, кога ќе имаш шеесет или повеќе години, троши го времето на себе. На плажата, под сончевите зраци.

Ова е мојот совет за младите луѓе. Направи доволно грешки и не се грижи доколку паднеш. Паѓаш, стануваш. Паѓаш, стануваш. Знај дека ќе уживаш во ова, бидејќи ова се само пет години.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg