Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Работа со неорганизиран шеф

Доколку вашиот надреден е потполно неорганизиран, често прави исправки во плановите, го менува мислењето од ден во ден, тогаш тешко дека и вие...

 

...ќе напредувате во вашата работа и дека ќе ги исполните неговите очекувања.

Ваквата ситуација може да биде голема пречка за напредување во кариерата. Сепак, постојат решенија кои можат да ја ублажат оваа ситуација. Најважно е да не го прифатите таквото однесување и да се држите до сопствениот план и цели.

Што повеќе сте вие организирани, полесно ќе се справите со некој што не е. Не се обидувајте да пронајдете скриени причини поради кои вашиот шеф не се држи до плановите, бидејќи се работи за неорганизираност.

Немојте ни да го обвинувате за неефикасност, бидејќи веројатно е дека и тој пати исто колку и вие, само што тој не е способен да работи поинаку!

rabota-so-neorgazniziran-sef1

Повеќето неорганизирани лица знаат да бидат неорганизирани и не е до вас да се обидувате да ги промените.

Повеќе успех ќе остварите доколку се обидете да ги лоцирате правилностите и грешките во тој хаос, и со тоа да ја зголемите функционалноста и ефикасноста. Се разбира, за ова не забораваје да добиете одобрение од вашиот шеф!

Пробајте да ги усвоите правилата на однесување какво што имаат и другите вработени кои добро се разбираат со шефот, а доколку сте нови на работното место, разговарајте со личноста која претходно работела место вас и прашајте ја за совет, како би се здобиле со важните "почетнички правила" и информации.

Во вакви ситуации многу е важно да научите да слушате. Кога вашиот шеф ќе го фати напад на паника, слушајте кои детали намногу му пречат и обидете се да ги избегнувате.

За крај, не смеете да заборавите дека без разлика на тоа дали вашиот шеф е организиран или не, тој не би бил директор ако нема квалификации за тоа работно место.

Без разлика како стои моменталната ситуација, немојте ни да помислите дека вие можете и смеете да "шефувате" место вашиот директор. Некогаш во таа негова неорганизираност, можеби самиот тој подобро се снаоѓа отколку што вие можете да очекувате!

Би можело да ве интересира:

5-те најголеми маки на докторите во Македонија и светот На докторите на моменти им е потребна магија за да функционираат правилно во сис...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
11 хит мемиња во кои ќе се пронајде (апсолутно) секој вработен „’Киселата’ насмевка кога јас и моите колеги слушаме како шефот ни кажува колку ...
10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg