Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најголеми грешки во резимеата

najgolemi-greski-vo-rezimeata-povekjeРегрутерите во компаниите добиваат стотици резимеа на неделно ниво, поради што вашата единствена задача е да ја зголемите шансата вашето резиме...

 

...навистина да остави впечаток за да влезете во потесниот круг.

Воглавно, кога барате работа го праќате вашето резиме во многу компании, затоа внимавајте и избегнувајте да не ги направите овие грешки:

najgolemi-greski-vo-rezimeata-1

1. Не аплицирајте за позиција за која не сте квалификувани.  Многу кандидати сметаат дека доколку пратат повеќе резимеа, поголеми ќе им бидат шансите за вработување. Но, "пукањето со сачмарка" може само да ви донесе неволји.

Имено, регрутерите мразат кога си го губат времето на неквалификувани кандидати, што значи дека во иднина доколку сте навистина квалификувани за некоја позиција во истата компанија веројатноста дека вашето резиме ќе биде разгледано е навистина мала.

2. Не пишувајте што очекувате од компанијата. Компанијата не ја интересира фактот дека очекувате да се унапредите, да научите повеќе....

Компанијата ја интересира како вие ќе придонесете за унапредување на нејзиното работење. 

3. Не користете едно резиме за секаде. Ако сакате вашето резиме да биде земено во предвид, тогаш зборувајте конкретно за позицијата за која што аплицирате.

Не користете генерички реченици од типот на "Сакам да работам во вашата компанија затоа што вие сте најдобрите на пазарот.".

Верувајте дека тоа го пишува во секое резиме кое што компанијата ќе го добие. Затоа, анализирајте ја компанијата и позицијата за која аплицирате и напишете нешто кое што ќе покаже дека навистина сте заинтересирани и способни за таа позиција.

najgolemi-greski-vo-rezimeata-24. Не го претрупувајте резимето. Кога регрутерот ќе го погледно вашето резиме веднаш треба да му биде јасно кој сте и кои се вашите способности. Како што веќе рековме, регрутерите добиваат стотици резимеа неделно!

5. Не заборавајте на мотивациското писмо. Можеби мислите дека мотивациското писмо е непотребно и дека е џабе потрошено време.

Но, верувајте дека тоа е единственото нешто преку кое можете да покажете дел од себе и своите способности.

Мотивациското писмо е нештото кое што може да ви обезбеди интервју со компанијата, затоа задолжително праќајте го заедно со вашето резиме.

6. Внимавајте на деталите. Печатни грешки, нехронолошки распоред на искуството, несоодветна организација на елементите во резимето можат да остават погрешен впечаток за вас: дека не се грижите за деталите, дека сте несовесен работник...

Затоа, не дозволувајте деталите да ви ја уништат шансата за убава кариера. 

Какво е вашето искуство? Имате ли да додадете нешто друго на кое што нашите читатели би требале да внимаваат?

Би можело да ве интересира:

6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg