Грешки на работното место
Големите грешки не мора баш секогаш да ве директираат во редицата за невработени. Некои од нив, иако големи, не секогаш се фатални. Се` зависи...
... од начинот на кој ќе реагирате и ќе ја исправите настанатата штета.
Подолу имате листа на петте најчести грешки и совети за средување на ситуациите:
1 –Ветивте нешто што е невозможно
Го ветивте невозможното, и сега клиентот е бесен заради вашата неисполнителност. Или пак, не сте ја завршиле работата во дадениот рок, па сега колегите се нервозни и ви се лутат.
Како да ја поправите ситуацијата: Анализирајте ја штетата пред да се соочите со шефот или клиентот, но секако погрижете се тоа да го слушнат од вас, а не од некој друг. Прифатете ја одговорноста и избегнувајте дефанзивно однесување. Сконцентрирајте се на поправање на грешката, и понудете нешто со што ќе се искупите.
2 – Го оговаравте шефот
Едноставно не можете да ја држите устата затворена, а трачот стигна и до вашиот шеф. Случајно сте притиснале Reply All, и меилот стигнал до сите, наместо до личноста за кој бил наменет. Или пак во некое ТВ шоу сте се отвориле за лошиот однос кон вработените во вашата фирма.
Како да ја поправите ситуацијата: Извинете се. Преку признавањето дека сте згрешиле, без никаков обид да се правдате, ќе ја демонстрирате својата сериозност и одговорност за своите постапки. Доколку станува збор за некој особено значаен медиум и штетата е непоправлива, би требало да ја понудите својата оставка, пред да ве отпуштат.
3 – Ја искористивте својата позиција
Ја искористивте својата позиција и вработивте свој познаник; на пријателот му дадовте информации со кои тој остварил финансиска корист, или пак преку вас во јавноста се обелоденила информација за top secret производ.
Како да ја поправите ситуацијата: Ако се обидетте да ја префрлите одговорноста на некој друг, или пак тврдите дека ништо не сте направиле, само ќе го зголемите проблемот. Признајте ја грешката, и побарајте адвокат. Со адвокатот бидете искрени, и препуштете му да одлучи во кој степен треба да признаете, и кој тип на комуникација ќе го користите понатаму.
4 – Јавен нервен испад
Премногу гласно му викавте на колегата, и го наредивте со секакви имиња. Дури и доколку сите потајно се согласуваат со вас, или тој навистина го заслужува секој збор кој сте му го намениле, одговорноста е ваша, бидејќи вие се однесувавте непристојно и непримерно.
Како да ја поправите ситуацијата: Извинете му се на колегата, шефот и на сите останати кои беа во близина. Немојте да објаснувате што се случило за да го оправдате својот испад, бидејќи веќе сите и онака се` виделе и слушнале.
5 – Избегавте од работа
Избегавте од работа за да завршите свои приватни работи, фатени сте на дело како во канцеларија ја копирате „Домашен Готвач“ или вашата телефонска сметка одамна му кажала „чао“ на дозволениот износ.
Како да ја поправите ситуацијата: Извинете се, и понудете надомест. Предложете да останете подолго за да го надоместите изгубеното време или плаќањето на трошоците. Ни случајно немојте да речете: „па сите така прават“, или „па секогаш било така“. Единственото што се гледа е вашата постапка и начинот на кој ќе реагирате кога ќе се дознае за неа. Признајте дека сте згрешиле.