Станете суперхерој на работното место
Сигурно често посакувате на работното место да се побуните и да го покажете оној суперхерој кој го криете во себе, бидејќи не сакате веќе да молчите кога ве критикува шефот или кога ве провоцираат колегите.
Би сакале да постои некоја телефонска говорница, да влезете во неа, а да излезе вашиот внатрешен суперхерој.
Не бидете слабак
Одличен работник сте, доаѓате на време, работите сè што се бара од вас без забелешка. Ништо не може да се приговори за вашата верност, лојалност и посветеност во она што го работите. Има многу луѓе во светот кои поседуваат голем талент и вештини.
Оние кои не се такви, мора понекогаш својата посветеност да ја покажат на други начини, додека оние кои ги имаат горенаведените квалитети може да добијат плус поени ако се однесуваат понизно.
Нема нешто полошо од тоа кога некој мисли дека има право да се однесува така или кога себеси се смета за некаква елита. Правилата важат за сите, без оглед на тоа што некој мисли дека има право да се однесува поинаку, без разлика колку сте способни, почитта кон себе и другите се цени на прво место.
Задржете го мислењето за себе
Размислете кои би можеле да бидат последиците од дружењето и озборувањето со колегите за време на паузите. Секогаш е добро чувството да се идентификувате со оние кои ве опкружуваат, но во секој момент може да дојдете во искушение, затоа размислете: Како моите колеги би се поставиле ако стварно ми е потребна поддршка пред шефот?
Не правете лажна тревога
Не учествувајте во бесмислени постапки. Не учествувајте во озборувања и не ги започнувајте. Вашето најмоќно оружје понекогаш може да биде способност за да ја сочувате самоконтролата.Ако сте се пожалиле на вистинското место, почекајте.
Ако ништо не се случи, повторно претставите го проблемот кој го имате, таму каде што треба или преземете иницијатива сами да го решете проблемот.
Сфатете колку е важно времето
Времето е сè денес. Постои причина зошто „бавниот аплауз“ денес е феномен на урбаната поп - култура. Многу малку луѓе ја сфаќаат убавината на „бавниот аплауз“ затоа што им недостасува длабочина и трпение да го почекаат вистинскиот момент за да го кажат она што го имаат.
Бидете добар водич
Не е секој менаџер, шеф или директор роден за таа улога. Понекогаш некој е едноставно ставен на водечка позиција и не знае да се снајде. Важно е да бидете конструктивни кога прифаќате некоја задача.
Ќе бидете добар водач ако знаете да ги сфатите ограничувањата, да ги почитувате и на професионален план да ги предвидувате очекувањата. Бидете свесни дека својата моќ мора да ја покажете во кризни периоди кога обичното станува необично и кога битките во кои влегувате гарантираат триумф „бавниот аплауз“.