Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Споделуваме искуства: живот и работа во Полска

spodeluvame-iskustva-zivot-i-rabota-vo-polska-povekjeЧленството во интернационални културни пракси е најинтензивното едукативно искуство коешто АИЕСЕК како организација го нуди и кое ја поврзува...


...нашата едукативна мрежа.

Затоа, секоја година, на повеќе од 10.000 членови и студенти им се нуди непропустливата можност да заминат на волонтерска или професионална пракса во странство, да живеат и работат во друга земја, притоа развивајќи и унапредувајќи се себеси на полето на менаџментот, технологијата, образованието и многу други области.

Еден таков инспиративен пример е Дафинка Калешкоска, дипломец по компјутерски науки на New York University во Скопје.

„Во текот на последниот семестар од моите студии, почнав да размислувам за тоа што потоа?! Сакав да продолжам надвор од нашата земја. Бев убедена дека интернационално  искуство е голем чекор кој ќе ме доближи до светот на вистинските професионалци во мојата област  од кои ќе можам да учам и да го збогатам своето знаење. Откако моето барање за стипендија за мастер студии беше одбиено, барав следна можност. Затоа, почнав процедура за барање и аплицирање за АИЕСЕК пракса во странство.  

spodeluvame-iskustva-zivot-i-rabota-vo-polska-3

Со малку трпение, конечно ја пронајдов својата следна дестинација. Варшава, Полска и ИТ оделот во компанијата Apreo Logistics SA, беа мојот дом во следните 9 месеци. Моите професионални задачи беа поврзани со развитокот на ASP.NET веб апликацијата за софтверските потреби на компанијата. Искусив одлична работна атмосфера со пријатни и соработувачки колеги, благодарение на кои уживав во моите работни денови, работејќи на интересни задачи со кои ги унапредував моите програмерски способности.

Среќна сум што имав можност да работам во огромна и успешна компанија како Apreo Logistics SA, која е една од најдобрите во Полска. Работењето во толку успешна компанија, секако дека носи и свои огромни одговорности. Дури и мала грешка во ИТ одделот кој се грижи за целиот внатрешен систем на компанијата, може да доведе до огромни финансиски загуби. Затоа, научив како да бидам 100% концентрирана на мојата работа, за добрите и лошите последици од моите постапки. Во текот на моите 9 месеци работа и големата подршка од моите колеги и пријатели, го добив чувството дека Полска е мојот втор дом каде што се чувствував сигурно. Сега знам, и пак да се вратам таму денес, секогаш ќе имам на кому да му се јавам, да го прашам за совет или помош. Секогаш ќе имам пријатели.

spodeluvame-iskustva-zivot-i-rabota-vo-polska-1

Слободното време го користев за да ги разгледам интересните работи, запознаам нови луѓе и да се забавувам. За таа цел беа организирани многу АИЕСЕК забави каде што сите се собиравме за да се дружиме и да ги споделуваме нашите искуства. Исто така, си ветив себе си дека нема да живеам во една земја без да се обидам да го научам нивниот јазик. Полскиот јазик има многу сличности со македонскиот, и двата се Словенски јазици, па можеби затоа, не наидов на тешкотии при неговото изучување. Истражувајќи ја Полска ги посетив Гдањск, Сопот, Гдиниа, Краков и Вроклав. Никогаш нема да ги заборавам искуствата во Полската железница, која секогаш беше преполна и можеше да се случи да не стигнеш на време за својот воз или пак да го поминеш целиот пат стоејќи во некој од ходниците. Можеби имав само лоша среќа, но ова ми се случи повеќе пати. Исто така, да не заборавам да го споменам полското пиво со вкус на цреши, јаболка или мед. Прекрасните специјалитети се исто работа што не може да не се спомене.

Благодарение на АИЕСЕК праксите, проживеав незаборавно искуство. На секого би му го препорачила истото. Живеењето сам, далеку од дома, те учи како да станеш независен, да се грижиш сам за себе и да бидеш одговорен за својот живот. Кога би имала можност,  повторно би го направила истото. Сметам дека го направив и во правилен период од мојот живот. Но, не заборавајте само да бидете трпеливи, силни и никогаш не се откажувајте.Само со позитивно однесување и силна мотивација ќе можете да се движите напред и да исполнете големи чекори во својот живот.“

Сигурно дека вакво искуство нема да ве остави рамнодушни. Ако и вие сакате да го направите следниот чекор во својот живот и себеси да си обезбедите подобра иднина, АИЕСЕК секогаш со задоволство ќе ви помогне.

Токму затоа, посетете ја нашата веб страна aiesec.org.mk, слободно наминете во канцеларијата на АИЕСЕК на Економскиот факултет во Скопје и дознајте за вашата посакувана пракса или веднаш аплицирајте на следниов линк:
https://spreadsheets.google.com/spreadsheet/viewform?formkey=dDI4eTYtWnFEWEpPbUh4TE1JYzdXQkE6MQ

Би можело да ве интересира:

Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
7 квалитети кои надредените ги ценат кај вработените (заради кои сте незаменливи) Лидерство и мотивирање колеги дури и кога немате авторитетна позиција, јасна ком...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg