Кога е препорачливо да вежбате боси и кои се придобивките од тоа?
Можете да ги зајакните стапалата, но не е препорачливо за луѓето со дијабетес – кога е во ред да вежбате боси и кои се придобивките од тоа?
Веројатно не би ни помислиле да вежбате боси, но знаевте ли дека во некои случаи ова може да ви биде од корист?
Не е препорачливо за вежби со тежина, но е идеално за пилатес
Вежбањето боси не е препорачливо за вежби со тегови, уште помалку за трчање.
Во овие случаи патиките нудат одлична потпора и можат да ве заштитат од повреди.
Од друга страна, многу подобро е да вежбате пилатес или јога боси бидејќи ќе немате ограничување за движењето на стапалата.
Ќе имате подобра рамнотежа
Кога вежбате боси, многу полесно е да одржувате рамнотежа.
Ова е уште една причина зошто е препорачливо да вежбате јога или пилатес боси.
Ќе ги зајакнете стапалата
Кога носите патики, вашите стапала се практично неподвижни.
Но ако сте боси, ќе морате да ги активирате, па со текот на времето ќе ги зајакнете.
Некои вежби можат да бидат поефикасни
Истражување покажало дека кога правиме чучнувања боси, одредени мускули во нозете се активираат повеќе отколку кога би изведувале слични вежби со патики.
Не е препорачливо да вежбате боси ако имате дијабетес
Со текот на времето, дијабетесот може да предизвика оштетување на нервите на стапалата. Поради ова, нивната чувствителност е намалена.
Што значи, ако вежбате боси, можно е да не ни почувствувате дека сте настапиле нешто остро, дека сте си го повредиле стапалото или нешто слично.
Па, најбезбедно е секогаш да носите патики.
Ќе ги зајакнете глуждовите
Покрај стапалата, вежбањето боси може да ги зајакнете и вашите глуждови.
Спирова С. | Црнобело