7 чести грешки во теретана поради кои не гледате резултати (и го зголемувате ризикот од повреди)
Ако не ги поставите рацете правилно кога правите склекови, не само што нема да забележите ефект, туку може и да се повредите.
Ако сте почетник во теретана, нормално е да правите некои грешки при изведувањето на вежбите. Но, овие грешки можат да ја намалат ефикасноста на вежбите, па дури и да го зголемат ризикот од повреди.
Ако не сте сигурни дали правилно изведувате некоја вежба, секогаш можете да прашате некој поискусен.
А, можете и да обрнете внимание на следниве чести грешки:
Погрешно ја распоредувате тежината на стапалата кога правите чучнувања
Чучнувањата се една од најефикасните вежби за затегнување на задникот, но нема да видите некој значителен резултат ако не обрнете внимание на распоредувањето на тежината.
Кога правите чучнувања, треба да ја распоредите тежината на целото стапало, не само на прстите или на петата.
Носите погрешен модел на патики кога правите вежби за нозе
Кога трчате, нормално, треба да носите патики за трчање.
Но кога правите вежби за нозе со тегови и во статична положба, многу подобар избор се патики со рамен ѓон.
Ако не можете да купите нов пар, периодов доста популарно е и вежбањето без обувки за кое многумина велат дека помага во одржувањето рамнотежа.
Не ги држите теговите правилно
Многу е важно како го држите тегот или шипката кога вежбате.
Ако ги држите како илустрацијата лево, покрај тоа што создавате непотребен притисок на раката, постои опасност тегот да ви се лизне и да се повредите.
Секогаш држете ги теговите (или шипката од големите тегови) како на илустрацијата десно.
Погрешно го држите телото кога се кревате на шипка
Кога се кревате на шипка, не треба да пробувате да ги кренете рамената над неа. Во овој случај постои опасност да ги повредите.
Наместо тоа, треба да се навалите малку кон назад и да ги доближувате градите до шипката.
Го искривувате грбот кога правите „планк“
Иако може да биде навистина тешка, оваа вежба истовремено активира многу мускули, но само ако ја изведувате правилно.
Кога ќе застанете во положбата, грбот и нозете треба да формираат права линија. Односно, немојте да го кревате задникот или да го искривувате грбот.
Кревате тегови со исправени раце
При страничното кревање тегови, рацете не треба да ви бидат исправени.
Вежбата ќе биде многу поефикасна ако малку ги свиткате лактите. Притоа, немојте да ги кревате теговите над рамената, а можете и малку да ги свиткате нозете.
Погрешно правите склекови
Кај склековите, најважна е поставеноста на рацете.
Ако ги поставите како илустрацијата најдесно, нема да постигнете некаков ефект и можете да ги истегнете мускулите.
Најдобро е рацете да ви бидат поставени под агол од 45 степени во однос на телото. Можете да ги поставите и поблиску до телото за поголем интензитет.
Спирова С. | Црнобело