8 чести грешки на кои треба да обрнете внимание кога правите чучнувања за да ги избегнете повредите

Го искривувате грбот, не клекнувате доволно, ги кревате петите – сигурно правите барем една од овие грешки доколку сте почетник.

8-chesti-greshki-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-pravite-chuchnuvanja-za-da-gi-izbegnete-povredite-01.jpg

Чучнувањата се одлична вежба која ги активира не само мускулите на задникот, туку скоро сите мускули во долниот дел од телото.

Оваа вежба е омилена нa многумина бидејќи не бара никаква опрема и можете да ја правите буквално секаде.

Сепак, иако е едноставна за изведување, постојат мали грешки што ги прават повеќето почетници. Важно е да бидете свесни за овие грешки ако сакате да ги избегнете повредите.

Најчестите грешки на кои треба да обрнете внимание:

Ја правите вежбата само со колената

Кога ја правите вежбата, не треба тежината да ја префрлите на колената бидејќи со ова им создавате непотребен притисок.

Кога ќе застанете во почетната положба, префрлете ја тежината на колковите. Потоа свиткајте ги колената како да седнувате на стол, а кога станувате активирајте ги и мускулите на задникот и нозете. 

8-chesti-greshki-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-pravite-chuchnuvanja-za-da-gi-izbegnete-povredite-02.jpg

Колената ви се понапред од стапалата

Кога ќе клекнете, колената не треба да бидат понапред од стапалата. Со ова ризикувате да паднете нанапред.

Застанете цврсто на стапалата и додека клекнувате, осигурете се дека колената ќе ви бидат во линија со стапалата.

8-chesti-greshki-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-pravite-chuchnuvanja-za-da-gi-izbegnete-povredite-03.jpg

Го искривувате грбот

Кога ја правите оваа вежба мора да обрнете внимание и на горниот дел од телото. Не заборавајте дека грбот треба постојано да ви биде исправен.

Пред да клекнете, исправете го грбот и поставете ги рацете пред вас (како на илустрацијата десно) за да одржувате рамнотежа.

Додека клекнувате, држете го грбот исправен и немојте да го движите горниот дел од телото.

8-chesti-greshki-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-pravite-chuchnuvanja-za-da-gi-izbegnete-povredite-04.jpg

Ги поткренувате стапалата

Ако ги поткренете петите кога клекнувате, лесно можете да изгубите рамнотежа.

Целото стапало треба да ви стои на земјата додека ја правите вежбата.

8-chesti-greshki-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-pravite-chuchnuvanja-za-da-gi-izbegnete-povredite-05.jpg

Ги свртувате стапалата кон надвор

Ако ги свртите стапалата кон надвор додека ја правите вежбата, ќе создадете дополнителен притисок на колковите. Истовремено, ќе имате и проблеми со рамнотежата.

Стапалата треба да се свртени кон напред.

8-chesti-greshki-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-pravite-chuchnuvanja-za-da-gi-izbegnete-povredite-06.jpg

Не ги виткате колената под прав агол

Нема да постигнете никаков ефект ако само малку клекнувате со колената.

За да ги активирате мускулите, потрудете се да ги свиткате колената под прав агол.

8-chesti-greshki-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-pravite-chuchnuvanja-za-da-gi-izbegnete-povredite-07.jpg

Ги спојувате колената

Генерално, додека ја правите вежбата треба само да ги виткате колената, а не и да ги спојувате.

Колената треба да ви бидат во линија со стапалата додека клекнувате и се исправате.

8-chesti-greshki-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-pravite-chuchnuvanja-za-da-gi-izbegnete-povredite-08.jpg

Не го зголемувате интензитетот на вежбата

Ако со недели правите ист број повторувања и не го зголемувате интензитетот на вежбата, нема да постигнете многу.

Штом ќе сфатите дека чучнувањата ви стануваат лесни за правење и веќе не ги ни чувствувате, можете да додадете уште една серија повторувања.

Можете и да држите тегови во рацете, да ставите ластик околу нозете за поголем отпор… Онлајн лесно ќе најдете бројни варијации на вежбата со поголем интензитет.

8-chesti-greshki-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-pravite-chuchnuvanja-za-da-gi-izbegnete-povredite-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg