Трикови со кои ќе останете во форма за празниците, ако немате намера да вежбате
Танцувајте додека чистите, со пријателите одете на прошетка наместо на кафе и користете го автомобилот што е можно поретко.
Во идеален свет, сите би имале време за готвење, хобија и, се разбира, редовно одење во теретана.
Но, некогаш одењето во теретана е невозможно, особено ако работите долги часови или имате и други обврски.
Сепак, има начин да останете во форма дури и кога немате време за цел тренинг во теретана.
Погледнете како:
Движете се низ домот што е можно повеќе
Една од најдобрите домашни обврски за раздвижување е дефинитивно чистењето. За да биде уште поефикасно, вклучете што е можно повеќе движења.
Ако, на пример, ги вадите садовите од машината за садови, не се наведнувајте, туку вклучете ги и нозете и клекнете.
Заменете го работниот стол со топка за вежбање
Ако имате топка за вежбање, користете ја наместо стол додека работите нешто седнати.
Топката е колку-толку удобна за седење, но ќе треба да одржувате рамнотежа со што ќе ги активирате мускулите во телото.
Танцувајте додека чистите
Кога ќе вклучите танцување, не само што ќе се движите повеќе, туку и чистењето ќе ви биде многу позабавно.
Па, направете си плеј-листа со омилените песни и приредете си мала забава додека го средувате домот.
Одете на пешачење наместо на кафе
Кога се сретнувате со пријателите, зошто да не одите на прошетка во парк наместо да седнувате во кафетерија или каде било?
Поретко користете го автомобилот
Ако не возите велосипед, можеби сега е вистинско време да почнете со тоа. Кога времето е убаво, без врнежи, настојувајте да одите со велосипед наместо со автомобил.
Ако станува збор за помало растојание, одете и пеш.