Трикови со кои ќе останете во форма за празниците, ако немате намера да вежбате

Вежбајте додека ја гледате омилената серија

Наместо со огромна порција пуканки, изгледајте ја новата епизода со серија стомачни. Ако имате статичен велосипед, можете да го возите и него додека гледате.

Времето за вежбање ќе ви помине многу побрзо додека гледате нешто.

kako-da-ostanete-vo-forma-koga-nemate-vreme-za-teretana-07.jpg

Трчајте со кучето

Ако имате куче, потрудете се барем двапати неделно да трчате заедно со него. На овој начин и вие и кучето ќе ја добиете потребната физичка активност.

kako-da-ostanete-vo-forma-koga-nemate-vreme-za-teretana-08.jpg

Направете си градина

Ако имате двор, искористете ја можноста да си направите градина.

Работењето во градината, како копање, наводнување и слично, некогаш може да ви замени и цел тренинг во теретана.

kako-da-ostanete-vo-forma-koga-nemate-vreme-za-teretana-09.jpg

Играте си со вашите деца

Ако имате мали деца, кога ги носите надвор да си играат, зошто да не се активирате и вие?

Наместо да седите на клупа и да ги чекате, играјте си со нив.

kako-da-ostanete-vo-forma-koga-nemate-vreme-za-teretana-10.jpg

Исполнете го слободното време со динамични активности

Не мора целото слободно време да го посветите на вакви активности, но барем еднаш неделно искористете го за јога, танцување, пливање, прошетка…

Дури и само половина час е многу подобро отколку цел ден да го поминете во седење.

kako-da-ostanete-vo-forma-koga-nemate-vreme-za-teretana-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Водич: Како да се вратите во форма за еден месец, само со пешачење? АКо се „улегнавте“ во летниот период, можете да се вратите во форма само со пеша...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Пилатес вежби за почетници што ќе ви го обликуваат телото (како цел живот да вежбате) Ако поради која било причина не ви се оди во теретана, пилатес вежбите се одличе...
8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg