Три вежби со кои ќе го обликувате задникот за само три недели
Ако сте пробале барем еднаш, тогаш знаете дека затегнувањето и обликувањето на задникот не е воопшто лесно.
Но, со здрава исхрана и правилни вежби, лесно ќе стигнете до посакуваната цел.
Всушност, доволно ви се само овие три вежби за да успеете да го обликувате задникот за само три недели:
Чучнувања со исчекор
Застанете со раширени нозе и клекнете.
Со левата нога направете чекор назад, спуштете се што е можно пониско и држете ја положбата неколку секунди.
Направете уште две кратки клекнувања и станувања, па вратете се во почетната положба.
Вежбата можете да ја изведувате и со тегови, а со неа ќе го подигнете задникот.
Мост
Легнете на грб и поставете ги стапалата малку повисоко. Рацете поставете ги на колковите.
Бавно подигнете го задникот и држете ја положбата неколку минути. Потоа полека спуштете се, но не го допирајте подот.
Оваа вежба ќе му даде подобра форма на задникот.
Вкрстено исчекорување
Застанете со раширени нозе. Поставете ја десната нога зад левата и клекнете.
Држете ја положбата неколку секунди и вратете се во почетната положба.
Повторете ја вежбата и со другата нога.
Оваа вежба ги затегнува мускулите на долниот дел од задникот.
Спирова С. | Црнобело