Три YouTube канали за оние кои сакаат да почнат со вежбање јога
На крајот од работниот ден, последното нешто на коешто помислуваме е вежбањето. Откако ќе се вратите дома, тешко дека ќе се натерате да одите во теретана, но токму поради ова видеата со вежби стануваат сè попопуларни.
Со овие видеа не мора воопшто да го напуштите вашиот дом, а повеќето од нив се направени од сертифицирани тренери, што значи дека навистина се ефикасни.
Една од најдобрите активности за опуштање е јогата – не бара голем физички напор и ќе го раздвижи секој дел од вашето тело.
А, ако сакате да почнете со вежбање јога од вашиот дом, следниве канали ќе ви многу помогнат:
Yoga with Adriene
Ова е еден од најдобрите YouTube канали за јога и го води инструкторката Адриен. Таа редовно објавува нови видеа и во секое од нив можете да научите нешто ново.
Адриен детално објаснува како се изведува секоја вежба и на што треба да обрнете внимание, а објавува и видеа за медитација.
Boho Beatuful
На овој канал можете да најдете вежби и за почетници, и за поискусни. Има и видеа со 20-минутни тренинзи, кои се сосем доволно за да се опуштите, да ги истегнете мускулите и да си го подобрите расположението.
Уште подобри се локациите на кои јутуберката ги снима нејзините видеа.
BrettLarking Yoga
Овој канал е одличен ако имате проблеми со грбот и правилното држење на телото. Истовремено, ќе најдете и јога вежби што ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.
На каналот има многу 15-минутни тренинзи за кога немате многу време, но и месечни предизвици што сигурно ќе ви бидат забавни.
Спирова С. | Црнобело