Видео туторијали за пилатес - вежбајте дури и ако не одите на одмор летово

Онлајн курсевите и видеата со вежбање станаа вистински хит периодов, а сигурно ќе бидат барани и откако ќе заврши пандемијата.

osum-youtube-videa-odlichni-za-onie-koi-sakaat-da-pochnat-so-pilates-01.jpg

Кога станува збор за вежбање, користењето видеа е многу попрактично бидејќи нема потреба да излегувате од домот, ниту да плаќате за теретана или час по пилатес, јога и слично.

Ако отсекогаш сте сакале да пробате да вежбате пилатес, сега имате можност за тоа.

Во продолжение се осум видеа со одличен тренинг за почетници:

20-минутно видео за обликување на целото тело

Со ова видео, за само 20 минути ќе ги активирате сите поголеми мускулни групи во телото. Видеото е снимено од неколку агли, така што ќе можете да видите како точно треба да изгледа секоја вежба.

Пилатес за истегнување на целото тело

Во ова видео, инструкторката ги покажува најдобрите вежби за истегнување на нозете, рацете и стомачните мускули. Уште подобро е што со секоја вежба, таа објаснува и како правилно да дишете.

8-минутен тренинг со послаб интензитет

Ако сакате пилатес со послаб интензитет, ова видео е совршено за вас. Видеото трае осум минути, а вежбите за истегнување се погодни за наутро - ќе ви помогнат да се раздвижите и да се наполните со енергија.

Пилатес за стомачни

Ако целта ви е да ги зајакнете стомачните, погледнете го ова видео. Овде ќе научите пет пилатес вежби што ги зајакнуваат стомачните мускули.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg