- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
7 лесни вежби кои треба да ги правите доколку се улежавте периодов
Вежба број 4
- Ставете стол зад вас, застанете исправено и поставете ги стапалата во ширина на рамената.
- Бавно клекнете надолу, притоа стегајќи го задникот. Држете ја главата исправена.
- Допрете го столот со задникот, а потоа исправете се.
- Ако сте почетници, направете 8 до 10 повторувања. Ако имате повеќе кондиција, можете да направите 3 сета, со по 10-12 повторувања.
Вежба број 5
- Застанете со раширени нозе, свиткајте ги колената и испружете ги рацете на страна (како на горната слика).
- Бавно навалувајте се кон десната страна, без да ги виткате рацете (како на долната слика).
- Повторувајте ја вежбата од двете страни, колку што можете.
Вежба број 6
- Седнете на работ на столот. Колената треба да ви бидат споени, а стапалата рамно поставени на подот.
- Со рацете фатете се за работ од столот и малку свиткајте ги лактите.
- Стегнете ги нозете и задникот и бавно исправете ги лактите и потпрете се само на дланките (како на долната слика).
- Останете во оваа положба 30-тина секунди, а потоа повторете уште двапати.
Вежба број 7
- Застанете исправено и спојте ги дланките пред вас.
- Свиткајте го десното колено и кренете ја ногата (како на горната слика).
- Поставете го десното стапало зад левата нога, клекнете и останете во положбата 45 секунди.
- Повторете на другата страна.
Спирова С. | Црнобело