Како познатите мајки се ослободија од вишокот килограми после бременоста?
Секоја мајка ќе ви каже дека колку и да уживала во бременоста, вишокот килограми после породувањето ѝ предизвикувал проблем.
Вистински предизвик е да ослабете откако на свет сте донеле човечко суштество и не би требало да бидете престроги кон себе само затоа што имате некој килограм плус.
Сепак, важно е да знаете дека слабеењето после бременоста не е невозможно, а славните мајки се одличен пример за тоа.
Во продолжение погледнете како познатите мајки се справиле со вишокот килограми после бременоста:
Хали Бери вежбала и во текот на бременоста
Сите фанови знаат дека Хали Бери води навистина активен живот, а токму ова ѝ помогнало да се ослободи од килограмите после бременоста.
Актерката продолжила со вежбање до 7-иот месец од бременоста. После породувањето почекала да закрепне, па продолжила со интензивниот тренинг.
Џеј Ло си дала време, а потоа почнала со кардио
Во последно време, Џеј Ло најмногу внимание привлече со неверојатниот изглед на настапот на Superbowl. Таа изгледаше фантастично и покрај тоа што има родено и веќе има 50 години.
Пејачката почнала со вежбање 4 месеци после породувањето. Најпрво пешачела, а потоа почнала со кардио.
Денес тренинзите на Џеј Ло траат од 45 минути, па до два часа.
Џесика Алба следела план направен за нови мајки
Не секој може сам да си направи програма за вежбање, па актерката Џесика Алба побарала помош од Рамона Браганза. Рамона е жената која го направила планот за слабеење за нови мајки, познат како 321 Baby Bulge Be Gone.
Според оваа програма, мајките почнуваат со поедноставни вежби, чиј интензитет се зголемува во период од 3 месеци.
Хајди Клум вежбала и по два часа дневно
За оние кои навистина сакаат да ослабат, не e реткост да вежбаат и подолго од еден час. Во оваа категорија спаѓа и Хајди Клум.
Хајди почнала со вежбање само поради една цел и останала истрајна додека не го видела посакуваниот резултат.
Таа ја следела програмата The Ultimate New York Body Plan, а понекогаш вежбала и дома.
Наоми Вотс повеќе се фокусирала на здравата исхрана
Наоми е доказ дека нема потреба да се препотувате во теретана за да ја постигнете целта.
Наоми одбрала порелаксиран пат – правела едноставни вежби, а повеќе се фокусирала на здравата исхрана.
Со текот на времето почнала да прави и вежби со тегови, но и да трча.
Џулија Робертс не се откажала од храната и правела вежби во базен
Џулија одбрала да вежба во базен за да се ослободи од вишокот килограми.
Наводно, нејзиниот фитнес тренер ја советувал да го прескокне држењето диети и да се фокусира на вежбите.
Мила Јовович следела план за вежбање и план за исхрана
Мила Јовович е позната по атлетската градба, па не е ни чудо што се врати во топ форма кратко по бременоста.
Таа го следела планот за исхрана познат како 5-Factor Diet, а вежбала според програма 5-Factor Fitness.
Програмата за вежбање има 5 фази кои ги активираат сите мускулни групи. Притоа, вклучени се и кардио вежби за поефикасно согорување на калориите.