Како познатите мајки се ослободија од вишокот килограми после бременоста?
Жизел Бундхен слабеела со кунг фу и јога
Жизел има изјавено дека многу внимавала што јаде дека била бремена. Наводно, ова ѝ помогнало да ја контролира нејзината тежина уште во текот на бременоста.
Притоа, таа вежбала кунг фу и јога, кои ѝ помогнале да го зацврсти секој мускул додека била бремена.
Хилари Даф не брзала да ослабе
На Хилари ѝ била потребна една година и неколку месеци за да се врати во форма. Таа има изјавено дека луѓето ја критикувале поради ова.
Сепак, и покрај сиот притисок, таа го следела темпото што ѝ одговара најмногу.
Дру Баримор најмила личен тренер
Дру Баримор ужива во вежбањето, а додека се ослободуваше од килограмите од бременоста го споделуваше напредокот со нејзините фанови.
Иако на повеќето целта им е да ослабат, Дру се фокусирала на тоа да се чувствува здраво, и физички, и ментално.
Во едно интервју, таа дури изјави дека воопшто не ѝ било грижа колку килограми има.
Ким Кардашијан се потпрела на Аткинсоновата диета
Иако Аткинсоновата диета, исто како и кето диетата, редовно е критикувана, Ким решила да ѝ даде шанса.
Таа откри дека слабеењето после бременоста ѝ било едно од најтешките работи што ги направила, но успеала да се ослободи од килограмите со помош на диетата и со пешачење, но и вежбање.
Ниту Пинк не брзаше да ослабе
Пинк е уште една ѕвезда со атлетска градба и навистина сака да вежба.
Сепак, има изјавено дека вежбањето после бременоста ѝ било тешко и слабеењето ѝ одело побавно. Важно е што на крај ја постигнала нејзината цел.
Гвинет Палтроу вежбала со децата
Изгледа дека Гвинет никогаш не бара изговори кога станува збор за вежбање. Еднаш таа изјави:
„Секоја жена може да одвои време. Секоја жена. Mожете да вежбате и додека вашето бебе е во собата.“
Во истото интервју таа додаде и дека ако навистина сакате да ослабете, ќе најдете начин да го направите тоа.
Кејт Хадсон вежба секој ден
Нема личност која не се прашуваше како Кејт Хадсон се врати во форма толку брзо по породувањето. Изгледа одговорот е едноставен – таа навистина сака да вежба.
Кејт вежбала секој ден и има изјавено дека кога ѝ станувало напорно, само продолжувала да се турка.
Спирова С. | Црнобело