Кои вежби се лоши, а кои добри за луѓето кои имаат проблеми со срцето?
Ако имате каков било проблем со срцето, веројатно сте ограничени за некои работи, особено кога станува збор за физичка активност.
Причината е што некои вежби можат повеќе да ви ја влошат состојбата отколку да ви помогнат.
Ова не значи дека треба да се откажете од секаква физичка активност и воопшто да не мрдате. Само, важно е да знаете кои вежби е најдобро да ги избегнувате, и со кои можете да ги замените.
Се разбира, пред да правите што било, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
Погледнете кои се вежбите што треба и не треба да ги правите ако имате проблеми со срцето:
Вежби што треба да ги избегнувате
- Изометричните вежби вклучуваат вежби за кои ја користите вашата тежина или стабилен предмет, како ѕид. Овде спаѓаат склекови, стомачни, планк, мост и слично.
- Вежбањето за зајакнување вклучува вежби кои ја зголемуваат мускулната маса. Воглавно, овие вежби го зголемуваат крвниот притисок и го ограничуваат нивото на кислород во крвта. Најчесто ова се вежби со тегови.
Вежби што нема да ви наштетат
- Вежби за флексибилност: Истегнувањето нема директно влијание врз здравјето на срцето. Но, овие вежби ќе ви помогнат да ја подобрите рамнотежата и ќе ја подобрат состојбата на мускулите и зглобовите. Најпопуларна во оваа категорија е јогата.
- Аеробни вежби: Аеробните вежби ги подобруваат циркулацијата на крвта и начинот на кој телото го користи кислородот. Најважното нешто во овој случај е да бидете умерени. Овде спаѓаат вежби како брзо одење, бавно џогирање, возење велосипед и слично.
Дополнителни совети
- Секогаш бидете хидрирани! Пијте вода дури и ако не чувствувате жед, особено во топлите месеци.
- Дајте му на телото време за одмор. Без разлика кои вежби ги изведувате, немојте да претерате. Помеѓу секое вежбање оставете му време на телото да закрепне.
- Не вежбајте надвор во секакви временски услови. Ако надвор е премногу топло, ладно или влажно, подобро вежбајте дома или во теретана. Екстремните временски услови можат да имаат лошо влијание врз циркулацијата, да го отежнат дишењето, па дури и да предизвикаат болка во градите.
- Слушајте го вашето тело. Ако се чувствувате уморно, неудобно, имате вртоглавица или проблеми со дишењето, најдобро е да престанете со вежбање.
- Консултирајте се со лекар. Како што напоменавме, консултацијата со вашиот лекар е најдобрата одлука. Тој добро ја познава вашата здравствена состојба и може да ви помогне да си направите безбеден план за вежбање.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





