5 фитнес митови кои прават повеќе штета отколку добро за вашето телото
Пред да започнете со вежбање, внимавајте да не ги правите овие грешки што можат да направат повеќе штета отколку добро за вашето тело.
Дали е доволно да се вежба еднаш неделно, дали треба да се вежба само наутро и дали вежбањето е најдобриот начин за слабеење?
Не верувајте во овие митови за вежбање:
1. Мит: За одржување на форма доволно е да вежбате еднаш или двапати неделно
Вистина: Треба да вежбате најмалку три пати неделно, според експертите за физичко образование. Технички, треба да практикувате одредена физичка активност секој ден, затоа што седењето му прави многу штета на вашето тело.
2. Мит: Најдоброто време од денот за вежбање е утрото
Вистина: Најдоброто време за вежбање е секој ден, важно е да вежбате редовно. Ако ви одговара да вежбате навечер, тогаш вежбајте навечер.
Постојат истражувања кои велат дека килограмите се топат подобро со утринското вежбање, но многу е поефикасно секојдневно вежбање - во било кое време од денот, наместо двапати само во утрото.
3. Мит: Вежбањето е најдобриот начин за слабеење
Вистина: Промената на вашите навики во исхраната е најдобриот начин за слабеење. Треба да бидете свесни дека треба да се потроши она што го јадете. Вежбањето е важна точка во овој случај, но не и круцијална.
Слабеењето започнува со промена на навиките за јадење, а вежбањето ќе ви помогне, бидејќи покрај физичкото, ќе има и психолошки ефект - ќе бидете позадоволни со себе. Секако, најдобро е комбинација од двете за здраво тело.
4. Мит: Трчањето на долги растојанија е идеален начин да се влезе во форма
Вистина: Многу придобивки од трчање на долги растојанија можат да се добијат и на кратки растојанија. Многу луѓе кои трчаат само еден час неделно се во одлична форма, како и маратонците.
До десет минути енергично и брзо трчање ќе ви даде слични резултати како трчање на долги растојанија, но само под услов да трчате секој ден.
5. Мит: Спортските пијалаци се најдобриот начин да се хидрирате после тренинг
Вистина: Повеќето спортски пијалаци се полни со шеќер, поточно содржат само шеќер и вода, но ако ги одберете вистинските нема да направите грешка. Доколку сепак сакате да одите на сигурна варијанта, можете сами да направите изотоничен пијалак. Во литар вода ставете малку сол и сода бикарбона и исцедете половина лимон. Сепак, доколку ви одговараат и гледате резултати, не мора целосно да ги исфрлате.
Ашера | Црнобело
Би можело да ве интересира:





