4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма
За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви помогнат да ги затегнете вашите мускули, да го обликувате вашето тело и брзо да се вратите во форма. Покрај тоа, за нив не ви треба никаква опрема.
Овие вежби можете да ги правите каде било - во вашата дневна или спална или, пак, надвор во некој парк.
Со нив ќе ги активирате сите мускули во телото, па се одлични ако долг период не вежбате.
4 вежби со кои ќе се вратите во форма:
Планк
Без разлика дали ќе го правите наједноставниот планк или ќе правите планк во странична положба, оваа вежба ги активира и помага при затегнувањето на сите мускули.
Почнете со 30-тина секунди и постепено зголемувајте го времетраењето на вежбата.
Склекови
Добро познатите склекови не можат, а да не бидат спомнати во овие вежби. Тие го затегаат стомакот и ги активираат мускулите на целата рака.
Почнете со околу 10 повторувања во 2-3 серии и постепено зголемувајте го бројот на повторувања.
Чучнувања
Најефективната вежба за добро обликувани нозе и задник.
Правете 3 серии со по 20 повторувања секојдневно и гледајте како резултатите сами ќе си дојдат.
„Jumping Јacks“
Вашето вежбање завршето го со оваа вежба, која ќе ве размрда и наполни со енергија.
Ако не сте во многу добра форма, почнете со по 15 повторувања во три серии, па постепено зголемувајте го бројот на повторувања.
Т. Ѓ. | Црнобело