Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тајните на познатите дами за рамен стомак и после 40-тата

Дури и оние познати дами кои родиле неколку пати, можат да се пофалат со совршени стомачни мускули.

tajnite-na-poznatite-dami-za-ramen-stomak-i-posle-40-tata-01.jpg

После 40-тата година од животот, може да биде многу потешко да се ослободите од масните наслаги на стомакот. Но, важно е да знаете дека ова не е невозможно.

Доказ за тоа се познатите дами кои дури и откако ќе наполнат 40 години, успеваат да останат во одлична форма.

Иако можеби тие на располагање имаат лични тренери и готвачи, сепак можете да „украдете“ некој трик од овие жени.

Шер (72)

Со своите 72 години, Шер е доказ дека вежбањето дефинитивно ќе ве одржи во форма. Пејачката има изјавено дека вежба секој работен ден, односно пет дена во неделата.

Иако можеби во оваа доба од живот ќе немате енергија како претходно, фитнес тренерите нагласуваат дека придржувањето до распоредот е клучно. Ова е особено важно за повозрасните луѓе.

Според познатиот фитнес тренер Тадео Арнолд, после 40-тата имате две опции – да закажете термин во теретана, или термин кај лекар.

tajnite-na-poznatite-dami-za-ramen-stomak-i-posle-40-tata-02.jpg

Џенифер Лопез (49)

На стомачните на Џенифер Лопез сигурно ѝ завидуваат и многу фитнес тренери.

Пред неколку години, Џеј Ло откри дека се држи до строг план за исхрана кој вклучува многу здрави грицки, овошје и зеленчук.

Неодамна, пак, пејачката сподели дека следи 10-дневна диета без јаглехидрати и шеќер.

Иако е тешко постојано да ги избегнувате јаглехидратите, не е тешко да се храните здраво. Осигурете се да имате три оброци дневно, а помеѓу нив консумирајте некоја здрава ужина.

tajnite-na-poznatite-dami-za-ramen-stomak-i-posle-40-tata-03.jpg

Хали Бери (52)

Исто како Шер, и Хали Бери вежба пет пати неделно, и тоа комбинација од јога, бокс, кардио вежби и тренинг со тегови. Истовремено, за нејзиниот одличен изглед одговорен е и нејзиниот распоред на спиење - актерката има изјавено дека секоја вечер спие по 9 часа.

Спиењето е од голема важност за нормално согорување на маснотиите. Секоја вечер обидете се да спиете од 6 до 8 часа. Токму кога сте во најдлабок сон, телото согорува најмногу масти.

tajnite-na-poznatite-dami-za-ramen-stomak-i-posle-40-tata-04.jpg

Тајра Бенкс (45)

Тајра има изјавено дека ја сакала диетата со мал внес на таканаречените FODMAP јаглехидрати, кои се наоѓаат само во „потешка“ храна.

Сепак, доколку сакате да го пробате овој начин на исхрана, морате да се консултирате со вашиот лекар. Истото важи и за која било друга диета.

Но наместо строгите диети, можете да ја избегнувате тешката храна во деновите кога вие е „потребен“ рамен стомак. Храната што ќе ви помогне во ова е слаткиот компир, белковините, како и лесните продукти како спанаќ, краставица и целер.

tajnite-na-poznatite-dami-za-ramen-stomak-i-posle-40-tata-05.jpg

Џенифер Анистон (49)

Контролирањето на порциите може да биде одличен трик за слабеење, а познатата актерка е доказ за тоа.

Џенифер секој ден консумира по 3 умерени оброци и две ужини. Начинот на исхрана каде што се контролира големината на порциите може да го спречи дебелеењето околу стомакот.

tajnite-na-poznatite-dami-za-ramen-stomak-i-posle-40-tata-06.jpg

Гвен Стефани (49)

Слободно можеме да кажеме дека Гвен Стефани изгледа исто, ако не и подобро од пред 20 години. Нејзината тајна била траката TRX – направа со која можат да се изведуваат вежби за целото тело.

Според многу фитнес тренери, оваа трака е одлична за ослободување од масните наслаги и обликување на мускулите.

tajnite-na-poznatite-dami-za-ramen-stomak-i-posle-40-tata-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 мажи кои направија импресивна трансформација на телото со вежбање „Се чувствувам многу подобро. И не сум полуден по здрав начин на живот, само веж...
Евгенија Колев со совети за мајките кои немаат време за фитнес: „Со децата секоја игра може да се пр... „Како мајка на две деца, знам колку е тешко да се најде време за себе. Поме...
6 утрински вежби што ќе ви дадат енергија (се прават и во кревет) Ако немате многу време (или енергија) за вежбање, сигурно можете да одвоите 10-т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg