5 вежби за жените во 40-тите: Ќе се чувствувате 20 години помладо

Доколку сте ја поминале 40-тата година, но ја изоставате физичката активност, тогаш вашите години ќе почнат да се познаваат многу побрзо.

5-vezhbi-za-zhenite-vo-40-tite-kje-se-chuvstvuvate-20-godini-pomlado-01.jpg

Во најлош случај, можат да настанат и здравствени проблеми, како дебелеење и болки во телото.

За среќа, можете да го избегнете сето ова, и тоа со само 5 едноставни вежби. Овие вежби се совршени за жените постари од 40 години, а сигурно ќе направат да се чувствувате дури 20 години помладо.

Скокање јаже

Скокањето јаже е навистина едноставна активност, а доволни се само неколку минути дневно за да забележите разлика.

Со скокањето јаже можете да избегнете многу проблеми со кардиоваскуларниот систем. Покрај тоа, не ви треба никаква опрема, освен јаже и можеби музика.

Како да ја изведете вежбата?

Најпрво најдете го темпото што ви одговара најмногу. Сепак, обидете се да не бидете премногу бавни.

Потоа направете 15 скока, па пауза од 10 секунди, па повторете ги скоковите. Направете го ова 5 пати.

5-vezhbi-za-zhenite-vo-40-tite-kje-se-chuvstvuvate-20-godini-pomlado-02.jpg

Супермен

Ова е вежба за истегнување.

Вежбата најчесто се изведува после тренинг, односно за време на „ладење“ на организмот. Со оваа вежба ќе ги истегнете вашите зглобови.

Како да ја изедете вежбата?

Легнете на стомак и испружете ги нозете стегајќи го задникот.

Кренете ги нозе нагоре, а истото направете го и со рацете. Обидете се да останете во оваа положба неколку секунди. Треба да почувствувате напнатост во задникот, рацете и грбот.

5-vezhbi-za-zhenite-vo-40-tite-kje-se-chuvstvuvate-20-godini-pomlado03.jpg

Чучнувања

Чучнувањата ги зајакнуваат мускулите на нозете и задникот.

Со оваа вежба ќе го тренирате долниот дел од телото и колената.

Доколку за време на вежбата почувствувате пресилен притисок во колената, можете да користите столче како помошно средство.

Како да ја изведете вежбата?

Ставете го столот зад вас и застанете со нозете раширени колку колковите.

Свиткајте ги колената и спуштете се надоле и задржете ја положбата неколку секунди.

Направете 3 серии со по 20 чучнувања.

5-vezhbi-za-zhenite-vo-40-tite-kje-se-chuvstvuvate-20-godini-pomlado-04.jpg

Пешачење на свеж воздух

Можеби ова не ви изгледа како класина вежба, но е најдоброто нешто што можете да го направите за себе.

Доволно е да излезете надвор и можете да трчате бавно или само да пешачите.

Свежиот воздух ќе го одржи вашиот младешки изглед и ќе ја подобри состојбата на вашата кожа.

Во овој случај можете да пробате и брзо одење, нешто што се смета за најдобрата вежба за жени постари од 40 години. Брзото одење го намалува ризикот од срцеви заболувања и го зголемува капацитетот на белите дробови. Покрај тоа, ги зајакнува коските, а некои сметаат дека брзото одење е вистинска терапија за разубавување.

5-vezhbi-za-zhenite-vo-40-tite-kje-se-chuvstvuvate-20-godini-pomlado-05.jpg

Истегнување

Оваа вежба е слична како претходното истегнување, само што сега ви е потребна и мека подлога. Оваа вежба ја поттикнува циркулацијата и ги намалува болките во мускулите.

Како да ја изведете вежбата?

Легнете на грб и кренете ги рацете и нозете горе.

Со рацете фатете ги зглобовите над стапалата и останете во оваа положба 10-тина секунди.

Вратете се во почетната положба, направете кратка пауза и повторете 10 пати.

5-vezhbi-za-zhenite-vo-40-tite-kje-se-chuvstvuvate-20-godini-pomlado-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg