Трикови како да им ја вратите формата на вашите гради по слабеење
Спуштените гради се нормална појава после слабеење, но многу жени се чувствуваат несигурно поради нивниот изглед.
Факт е дека ткивото на градите не може целосно да се врати во оригиналната состојба, но сепак можете да им го подобрите изгледот. Комбинацијата од здрава исхрана, вежбање и некои други трикови ќе ви помогнат во ова.
Правете вежби за целото тело
За цврсти гради потребно е да правите вежби за таа мускулна група. Но бидејќи градите воглавно се состојат од масно ткиво и жлезди, не можете да ги подигнете само нив.
Па, за да им го подобрите изгледот, важно е да прaвите вежби и за мускулите околу вашите гради. Потребно е да го активирате целиот горен дел од телото за да го подобрите држењето на телото и изгледот на вашите гради.
Држење на телото
Исправеното држење на телото ќе направи да изгледате подобро, но уште поважно - го спречува спуштањето на градите. Правилното држење на телото помага во правилна распределба на тежината, па дури и ги спречува болките во градите и грбот.
Секогаш стојте и движете се со исправена глава и собран стомак, а рамената вратете ги малку назад. Доколку имате проблем да ја погодите правилната положба, замислете си дека стоите со грбот залепени до ѕид.
Градникот е важен
Квалитетниот градник треба да ги држи вашите гради и да го намали напорот врз нив. Градникот треба да биде доволно тесен за да го намали движењето на градите, но не и да ве стега. Кога сте активни, не заборавајте да облечете спортски градник.
Сепак, нема потреба да го носите постојано, бидејќи некои истражувања покажале дека ова може да го има спротивниот ефект. Наводно, постојаното носење на градник ги ослабува мускулите, што пак може да ги спушти вашите гради.
Правилна исхрана и здрава тежина
Можеби нема да ја подобрите состојбата на градите само со исхраната, но кога ќе се храните здраво ќе го избегнете наглото менување на тежината, што може дополнително да го оштети ткивото на градите.
Здравите масти, како оние од риба, јаткасти плодови или авокадо, можат да ја подобрат состојбата на кожата, а со тоа и изгледот на градите. Се разбира, не заборавајте да пиете многу вода за да ја подобрите еластичноста на кожата.
Масажа
Масажата на градите ја подобрува циркулацијата и го зајакнува нивното ткиво. Најдобро е да ги масирате градите секој ден околу 10-тина минути, движејќи ги прстите од долу кон горе.
Можете да употребувате и разни масла, во зависност од вашата кожа. Маслиновото масло е одличен извор на антиоксиданти, а истовремено ја подобрува текстурата и еластичноста на кожата.
Заборавете на цигарите
Знаеме дека пушењето го забрзува процесот на стареење, а чадот ја намалува еластичноста на ткивата. Покрај тоа, пушењето е поврзано и со уништувањето на колагенот и еластинот, го влошува крвниот доток и го забавува разнесувањето на кислород и хранливи материи до клетките