Трикови како да им ја вратите формата на вашите гради по слабеење
Вежби за гради
Покрај сите совети, исто важни се и вежбите за гради. Според повеќето фитнес експерти, следниве три се најдобри.
Кревање тегови на клупа
Оваа вежба ја зголемува мускулната маса на градите, со тоа правејќи ги да изгледаат поголеми.
- Легнете на клупа со тегови во рацете. Свиткајте ги лактите под прав агол и држете ги рацете паралелни на подот.
- Кренете ги теговите и држете ја положбата неколку секунди.
- Спуштете ги теговите виткајќи ги лактите за да се вратите во почетната положба.
- Направете 3-5 сета со 12-15 повторувања.
Склекови
Склековите се една од најпопуларните вежби за горниот дел од телото, а најмногу е фокусираат на мускулите на градите.
- Застанете во планк положба и поставете ги дланките малку пошироко од рамената. Телото треба да биде во права линија.
- Бавно свиткајте ги лактите и обидете се да го допрете подот со градите.
- Вратете се во почетната положба.
- Направете 3-5 сетови со 12-15 повторувања.
Пеперутка
Оваа вежба е одлична за истегнува на мускулите на градите, подобрување на држењето на телото и зајакнување на мускулите на горниот дел од телото. Вежбата можете да ја изведувате и на фитнес топка за да ги зајакните и стомачните мускули.
- Легнете на клупа или топка и поставете ги стапалата на подот, а во рацете земете по еден тег.
- Кренете ги рацете и малку свиткајте ги лактите, држејќи ги теговите над вашите гради. Ова е почетна положба.
- Вдишете и бавно раширете ги рацете на страна, сè додека не се паралелни со подот. Во овој момент би требало да почувствувате истегнување во областа на градите и рамената.
- Издишете и вратете се во почетната положба.
- Направете 3-5 сетови со 12-15 повторувања.
Спирова С. | Црнобело