5-минутни вежби кои ги топат мастите околу стомакот
За сите кои се борат со мастите во пределот на стомакот со години - ви помагаме со неколку вежби во кои треба да вложите минимален напор и само 5 минути дневно.
Секако, треба да ги комбинирате со здрава и правилна исхрана, односно вежбите се само додаток во „војната“ против килограмите и наталожените масти.
Ова се вежбите кои ќе ви помогнат да го израмните стомакот до летоска:
Прва вежба
Легнете на простирка, со споени нозе. Ставете ги рацете под задникот. Со стегнати нозе, подигајте ги стапалата кон таванот.
Повторете 15 пати со едната, па со другата нога.
Втора вежба
Легнете на грб, со нозете свиткани под агол од 90 степени. Ставете ги рацете на под. Кревајте ги нозете кон таванот, додека колениците ви се спојуваат со градите.
Повторете 15 пати, направете пауза, па уште 15 пати.
Трета вежба
Застанете во положба како пред да направите чучнувања. Едната нога повлечете ја чекор наназад, односно направете чучнување наназад.
Вратете се во рамна положба, па потоа зададете удар, како на илустрацијата. Вратете се во првобитната положба.
Повторете 15 пати со едната, 15 пати со другата нога.
Четврта вежба
Застанете во планк положба, со рацете исправени во лактите. Кога ќе почувствувате стабилност, едната нога вовлечете ја кон градите, па вратете. Потоа повторете со другата.
Направете 15 наизменични повторувања, паузирајте 15 секунди, па повторете уште 15 пати.
Петта вежба
Легнете на рамна површина и подигнете ги градите како за стомачни. Но, овојпат ротирајте се лево-десно, додека не го допрете спротивното колено, како на илустрацијата.
Повторете 15 пати, одморете, па повторете уште 15 пати.
Шеста вежба
Застанете во положба со исправени раце, подигнат задник и нозе свиткани накј колената под агол од 90 степени.
Наизменично подигајте ја лавата нога со десната рака, обидувајќи се да ги допрете без да го свиткате грбот. Повторете со спротивната страна.
Треба да направите 16 повторувања со секоја страна, да одморите 30-40 секунди, па да повторите уште 16.
М. Д. | Црнобело