4 причини да започнете да возите велосипед уште денес

Одлична варијата со која ќе го избегнете градскиот метеж, ќе се релаксирате и ќе добиете одлична вежба е се разбира возењето на велосипед. 

4_pricini_da_zapocnete_da_vozite_velosiped_uste_denes_01.jpg

Сите кои сме го имале „задоволството“ да бидеме заглавени во јавниот метеж знаеме колку тоа може да нè направи нервозни и да ни го уништи целиот ден.

Па затоа, наместо одењето на работа да ви биде нешто што најмногу го мразите, претворете го тоа во омилена активност преку денот со едноставно менување на превозното средство.

Не само што ќе ви биде одличен моден додаток, туку и ќе ѝ помогнете на околината со тоа што ќе се одлучите за еколошка алтернатива.

И доколку покрај сето ова не ве убедивме дека треба да започнете да возите велосипед, во продолжение ви нудиме уште 4 причини:

Ја подобрува работата на срцето

Не е тајна дека возењето на велосипед е една од најздравите навики. Па, доколку имате проблеми со срцето, оваа едноставна активност може многу да ви помогне.

Истражувањата покажуваат дека возењето велосипед може да го намали крвниот притисок и до 30% и се разбира да го намали ризикот од срцеви заболувања.

4_pricini_da_zapocnete_da_vozite_velosiped_uste_denes_02.jpg

Помага за закрепнување при повреда

За сите кои страдаат од повреди и болки во колената и зглобовите и од заболувања како артритис, велосипедот ќе ви помогне да ги намалите болките или целосно да се ослободите од истите.

4_pricini_da_zapocnete_da_vozite_velosiped_uste_denes_03.jpg

Ќе го намалите вишокот килограми

И ова не е факт кој многу изненадува бидејќи сите сме свесни дека возењето велосипед може да биде одличен партнер во борбата со вишокот калории и се разбира да ни помогне да го одржуваме нашето тело младо и витално.

4_pricini_da_zapocnete_da_vozite_velosiped_uste_denes_04.jpg

Ќе бидете секогаш расположени и ќе ви се зголеми самодовербата

Дури и кратка дестинација како патот до работното место е доволно за да се чувствувате одлично во текот на целиот ден.

Па веќе не чекајте, оставете го автомобилот само за долги дестинации и заменете го со најдобрата, најздравата, а и најзабавната алтернатива.

4_pricini_da_zapocnete_da_vozite_velosiped_uste_denes_05.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg