10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот
„Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на инфлуенсерка која споделува трикови и вежби за слабеење по 40-тата година и за периодот кога сте во менопауза.
Речиси секоја жена ќе ви каже дека ослободувањето од вишокот масни наслаги на стомакот по 40-тата година оди многу потешко отколку во младоста, а една инфлуенсерка тврди дека ја нашла совршената вежба што може да ви помогне да добиете рамен стомак, па иако не сте вежбале со години.
Оваа инфлуенсерка на ТикТок редовно споделува совети за вежби и диети за жени кои се над 40-тата година во животот.
Едно од нејзините најпопуларни видеа е она во кое покажува како со 10-минутни вежби дневно успева да се ослободи од вишокот сало на стомакот.
„Оваа почетничка вежба е одлична дури и ако не сте вежбале со години“ – вели таа.
Во краткото видео, таа стои на простирка за јога со раширени нозе, а потоа го крева десното колено кон лактот на левата рака.
Таа препорачува вежбата да ја правите по 30 секунди на двете страни и да ја повторите 3 пати.
Според неа, оваа вежба може да им помогне и на жените што водат битка со масните наслаги на стомакот по менопаузата, а голем број жени го поздравија ова видео.
Многу од нив велат дека дефинитивно вреди да се проба.
Погледнете го видеото:
@menopausewithsiobhan Ladies off a certain age 😍 Flatten that belly with this fast routine you can do at home. All you need is 10 minutes every morning. This beginner workout is great even if you haven’t exercised in years! #weightloss #homeworkout #loseweight #getfit #bodytransformation #fitness #beginnerworkout #over50women #over50andfabulous
♬ Maniac (Flashdance Version) (Re-Recorded / Remastered) - Michael Sembello
Б. С. Б. | Црнобело