7 вежби за зацврстување на задникот кои ќе ви помогнат да влезете во форма ова лето

Летото е на прагот, а со него и летниот одмор. И додека сите се радуваме на долгоочекуваниот летен одмор би сакале ова лето да излеземе на плажа во топ форма.

7_vezbi_za_zacvrstuvanje_na_zadikot_koi_ke_vi_pomognat_da_vlezete_vo_forma_ova_leto_01.jpg

Доколку ги мразите преполните теретани и студија за вежбање и посакувате да влезете во форма од удобноста на вашиот дом еве 7 вежби кои можете да ги правите секој ден и ќе ви помогнат да изгледате неверојатно ова лето.

Вежба 1

Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите нозете и задникот и е многу поефикасна од здодевните клекнувања, кои сите ги правиме.

7_vezbi_za_zacvrstuvanje_na_zadikot_koi_ke_vi_pomognat_da_vlezete_vo_forma_ova_leto_02.jpg

Вежба 2

Следнава вежба ќе ви помогне да го обликувате задникот за многу брзо време. Иако може да изгледа малку чудно на почеток, кога ќе започнете да ги забележувате резултатите ништо друго нема да биде важно.

7_vezbi_za_zacvrstuvanje_na_zadikot_koi_ke_vi_pomognat_da_vlezete_vo_forma_ova_leto_03.jpg

Вежба 3

Варијација на вежбата број 2 е оваа вежба која не само што ќе ви помогне да ги зацврстите мускулите на задникот туку и ќе ви помогне да ги обликувате нозете.

7_vezbi_za_zacvrstuvanje_na_zadikot_koi_ke_vi_pomognat_da_vlezete_vo_forma_ova_leto_04.jpg

Вежба 4

Страничните кругови се одлична вежба за вашите нозе. Иако на почеток ќе ви биде малку напорно, за многу брзо време ќе успеете да направите и по 50 повторувања без мака.

7_vezbi_za_zacvrstuvanje_na_zadikot_koi_ke_vi_pomognat_da_vlezete_vo_forma_ova_leto_05.jpg

Вежба 5

Унапредете ја стандардната вежба на мост и наместо само да ги кревате колковите од подот започнете да правите кругови со вашите нозе во воздух.

7_vezbi_za_zacvrstuvanje_na_zadikot_koi_ke_vi_pomognat_da_vlezete_vo_forma_ova_leto_06.jpg

Вежба 6

Кога ви е преку глава од клeкнувањата оваа вежба е одлична замена. Ќе ги зацврстите задните мускули на нозете и ќе започнете да го обликувате задникот.

7_vezbi_za_zacvrstuvanje_na_zadikot_koi_ke_vi_pomognat_da_vlezete_vo_forma_ova_leto_07.jpg

Вежба 7

Оваа вежба ќе направи чуда за зацврстување на вашиот задник. Легнете на подот и со колената свиткани под агол од 90 степени започнете да ги кревате нозете од земјата стегајќи ги мускулите на нозете и задникот.

7_vezbi_za_zacvrstuvanje_na_zadikot_koi_ke_vi_pomognat_da_vlezete_vo_forma_ova_leto_08.jpg

На крај запомнете дека упорноста секогаш се исплаќа, затоа започнете уште денес и изгледајте неверојатно на плажа.

 К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg