6 вежби со кои ќе добиете убав и стегнат задник во бикини
Овие едноставни вежби ќе направат да имате совршен задник, потребна ви е само желба и тренингот во вашиот дом може да започне.
Рамниот задник не изгледа секси ниту во тесни фармерки, ниту во костим за капење.
Овие вежби ќе ви помогнат да го добиете заоблениот задник од вашите соништа.
Вежби за совршен задник во бикини:
Вежба 1
- Направете широк чекор назад и кон страна, како на фотографијата.
- Клекнете и свиткајте го коленото на ногата што ви е поддршка.
- Станете и исправете ги нозете.
- Повторувајте 15 пати и направете по 2 сета со двете нозе.
Вежба 2
- Кренете го левото колено горе и почувствувајте ја тензијата на десната страна од задникот.
- Повторете 25 пати и направете по 2 сета со двете нозе.
Вежба 3
- Поставете се во позиција за склек, како на фотографијата.
- Подигнете ја левата нога и останете во таа позиција 2 секунди.
- Повторете 15 пати и направете по 2 сета со двете нозе.
Вежба 4
- Легнете на стомак и вовлечете ги стомачните мускули. Нозете нека ви бидат споени.
- Одлепете ги градите од подот и стомакот колку што можете повеќе.
- Рацете истегнете ги зад вас.
- Подигнете ги нозете од подот.
- Повторувајте 30 пати и направете 2 сета.
Вежба 5
- Застанете на сите 4 екстремитети, како на фотографијата.
- Подигнете ја левата нога и десната рака, допирајќи си ги прстите.
- Повторете 15 пати и направете по 2 сета со двете нозе и раце.
Вежба 6
- Легнете на грб со рацете исправени до телото.
- Свиткајте ги колената така што стапалата ќе ви дојдат под колената.
- Кренете ја десната нога и колковите.
- Повторувајте 20 пати и направете по 2 сета со двете нозе.
С. С. | Црнобело