9 работи кои му се случуваат на вашето тело кога вежбате и не пиете вода
Телото не исфрла токсини, ниту мускулите имаат правилен тек на формирање кога не консумирате доволно вода на тренинг.
Некои советуваат дека не треба да пиете вода за време на тренингот и веднаш по тренингот, но професионалците го тврдат спротивното - на вашето тело задолжително му е потребна вода додека вежбате.
Што му се случува на вашето тело ако вежбате и не пиете вода?
Се забрзува стареењето на кожата
Вежбањето има позитивен ефект врз кожата затоа што ги обезбедува клетките со кислород и ја стимулира продукцијата на колаген, но на вашето тело му е потребна доволна количина вода за целиот тој процес да се одвива нормално. Во спротивно, ефектот ќе биде негативен.
Не губите масти, туку вода
Некои луѓе веруваат дека ако не пијат вода за време на тренингот побрзо и поефикасно ќе губат килограми.
Да, на вагата ќе забележите резултати веднаш по вежбањето, но тоа не се согорени масти, туку вода од телото. Ќе бидете жедни, ќе се напиете вода и бројката ќе се врати во нормала.
Телото не исфрла токсини
При вежбањето токсините се исфрлаат преку интензивното потење.
Но, ако на вашето тело не му дадете доволно течности, потењето нема да биде толку интензивно, а со тоа и ефектот на прочистување.
Се намалува ефикасноста на тренингот
Губењето на само 5% од вашите телесни течности ја намалува ефикасноста на тренингот и до 30%.
Вашето тело нема нормално да согорува масти и да гради мускули.
Се појавува болка во мускулите
Болка во мускулите се јавува во секој случај по напорен тренинг. Но, ако го доведете телото до дехидратација, болката во мускулите ќе ве прогонува постојано.
Болката во мускулите поминува кога тие по тренингот апсорбираат протеини, што не е возможно без доволно вода во телото.