Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк)

Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат во текот на денот, но и за постари лица...

ednostavna-vezhba-za-site-koi-sakaat-ubavo-telo-a-mrazat-da-pravat-plank-01.jpg

Една од најпознатите статички вежби за зацврстување на мускулите е планк (plank). Но, колку и да е ефикасна, оваа вежба им е меѓу најомразените на многумина.

За среќа, постојат и други вежби кои не бараат многу движење, а сепак ги активираат мускулите.

Дали некогаш сте ја пробале вежбата која помага да ја зголемите енергијата, ја исправува кичмата, го затегнува телото и ги зајакнува мускулите?

Оваа вежба ја подобрува и внатрешната работа на органите, респираторниот систем, но уште поважно - помага во процесот на слабеење и го подобрува тонусот на целото тело.

Но запомнете, самата вежба не е доволна - потребно е да внимавате на исхраната за побрз ефект.

За оваа вежба не ви треба посебна опрема, може да ја правите било каде и во кое било време.

Оптимално време за изведување е 10 до 15 минути, по пет минути со секоја од трите позиции колку што има вежбата. Со текот на времето, минутажата можете да ја продолжите.

Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица...

ednostavna-vezhba-za-site-koi-sakaat-ubavo-telo-a-mrazat-da-pravat-plank-03.jpg

Како да ја направите?

Вежбата има три позиции: раце поставени покрај телото, раце пред стомакот и раце во висина на градите.

Застанете исправено. Ставете ги стапалата паралелно во ширина на рамената. Држете ја главата исправена, рамената и градите опуштени.

Колената се благо свиткани и не треба да чувствувате никаков напор додека стоите. Гледајте напред, никогаш надолу.

Во првата положба рацете се спуштени, малку одвоени од телото, а дланките се паралелни со подот. Средниот прст од двете раце свртете го благо кон земјата. Стојте мирно.

Во втората положба, рацете ставете ги напред и нека бидат заоблени, како да држите голема топка пред стомакот. Останете во оваа позиција 5 минути.

Потоа, за третата положба, кренете ги рацете до висина на градите. Направете полукруг со нив (како да гушкате дрво), но раширете ги дланките. Цело време гледајте напред, никогаш надолу.

ednostavna-vezhba-za-site-koi-sakaat-ubavo-telo-a-mrazat-da-pravat-plank-02.jpg

За цело време дишењето треба да биде рамномерно, а телото да ви е опуштено.

Важно е да се фокусирате на држењето на телото - не треба да се наведнувате, држете ја главата исправена.

На крајот од вежбата, полека исправете ги нозете додека вдишувате, кренете ги рацете со дланките нагоре.

Кога ќе ги донесете дланките во линија со вратот, свртете ги надолу и со издишување спуштете ги до нивото на стомакот.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg