Мали навики со кои ќе го трансформирате телото без диети
Внесувањето помалку храна или држење диети не е единствениот начин да го трансформирате телото.
Диетите може да помогнат во периодот непосредно откако ќе ги завршите, но за да ја одржите линијата потребно е да ги промените навиките и тоа не само во исхраната, туку и во животниот стил.
Звучи потешко отколку што е, па многумина не се решаваат на овој чекор, туку бараат брз „лек“ за симнување на килограмите.
Но, потребни се само мали промени на навиките и чекор по чекор, телото ќе изгледа онака како што посакувате.
1. Запишувајте што јадете и пиете во денот или симнете некоја апликација која ќе ви помогне во тоа.
2. Не јадете сами, пред телевизор или компјутер, туку во друштво, секогаш кога тоа е можно.
3. Јадете побавно и уживајте во секој вкус.
4. Пијте повеќе вода – нешто што секогаш треба да се потенцира во ваквите листи.
5. Јадете повеќе зеленчук.
6. Грижете се за менталното здравје. Ако имате проблеми, разговарајте со психолог или друго стручно лице.
7. Секој ден правете вежби за истегнување кои можат да се прават и во седечка положба.
8. На работа носете си јадење подготвено од дома.
9. Јадете го овошјето, наместо да го пиете во смути или сок – така има поголем ефект.
10. Одете почесто во сауна.
11. Практикувајте медитација.
М. В. | Црнобело