8 вежби за истегнување кои може да ги правите без да станете од работното биро

Кога работите во канцеларија и по цел ден седите пред компјутер, веројатно и вие добивате желба малку да се истегнете и раздвижите.

8-vezhbi-za-istegnuvanje-koi-mozhe-da-gi-pravite-bez-da-stanete-od-rabotnoto-biro-01.fw.jpg

Но, секако, во канцеларија пред колегите сигурно нема да шетате наоколу или да правите гимнастика.

Сепак, постојат неколку едноставни вежби кои можете да ги правите и без да станете од бирото и да се прекинувате со работата, а вашето тело нема да остане згрчено:

Истегнување на трицепсот

  • Кренете ја едната рака и свиткајте ја во лактот како на сликата
  • Со другата рака туркајте го лактот, а потоа сменете ги рацете

vezhbi-za-istegnuvanje-koi-mozhe-da-gi-pravite-i-na-biro-vo-kancelarija-02.jpg

Наклонување на главата

  • Седнете на столче и исправете го грбот
  • Навалете ја главата на левата, па на десната страна, напред и назад
  • Повторете неколкупати на сите 4 страни

vezhbi-za-istegnuvanje-koi-mozhe-da-gi-pravite-i-na-biro-vo-kancelarija-03.jpg

Вртење на главата

  • Свртете ја главата на левата страна колку што е можно повеќе
  • Потоа свртете ја на десната страна
  • Повторете неколкупати

vezhbi-za-istegnuvanje-koi-mozhe-da-gi-pravite-i-na-biro-vo-kancelarija-04.jpg

Вртење на рамената

  • Ставете ги дланките на рамената
  • Вртете ги лактите нанапред
  • Потоа повторете ги движењата во спротивна насока

vezhbi-za-istegnuvanje-koi-mozhe-da-gi-pravite-i-na-biro-vo-kancelarija-05.jpg

Истегнување на градните мускули

  • Испружете ги рацете на двете страни
  • Соберете ги плешките туркајќи ги рацете наназад
  • Повторете неколкупати

vezhbi-za-istegnuvanje-koi-mozhe-da-gi-pravite-i-na-biro-vo-kancelarija-06.jpg

Тегнење нагоре

  • Кренете ги рацете нагоре
  • Држете го грбот исправен и тегнете ги рацете нагоре колку што можете
  • Повторете неколкупати

vezhbi-za-istegnuvanje-koi-mozhe-da-gi-pravite-i-na-biro-vo-kancelarija-07.jpg

Странично истегнување

  • Кренете ја левата рака, а десната ставете ја на колкот
  • Навалете го телото надесно и туркајте неколкупати
  • Сменете ги рацете и повторете во спротивна насока

vezhbi-za-istegnuvanje-koi-mozhe-da-gi-pravite-i-na-biro-vo-kancelarija-08.jpg

Вртење на телото

  • Исправете ги рацете напред и вкрстете ги прстите на двете дланки
  • Свртете го телото надесно, па потоа налево
  • Повторете неколкупати

vezhbi-za-istegnuvanje-koi-mozhe-da-gi-pravite-i-na-biro-vo-kancelarija-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg