9 вежби за здрав и цврст грб кои се прават додека седите

Ако цел ден седите на канцелариско столче, гледајќи во монитор, а вашата единствена активност е шетањето со шолја кафе или чај до терасата, точно знаете што значи болка во грбот.

9-vezbi-za-zdrav-i-prekrasen-grb-koi-se-pravat-dodeka-sedite-001.jpg

Тука нема да ви помогнат привремени масажи и истегнувања, туку само редовен тренинг.

Овие 9 вежби можете да ги правите додека седите, а резултатите ќе бидат здрав и привлечен грб кој едвај ќе чекате да го разголите надвор од канцеларијата.

Прва вежба

9-vezbi-za-zdrav-i-prekrasen-grb-koi-se-pravat-dodeka-sedite-1.jpgСедете исправено, со двете нозе на под.

Рацете нека ви бидат исправени покрај телото.

Привлечете ги рамениците кон ушите.

Притоа вратот држете го исправен, не го виткајте. Брзо спуштете ги рамениците.

Повторете неколку пати со брзо темпо.

 

 

Втора вежба

9-vezbi-za-zdrav-i-prekrasen-grb-koi-se-pravat-dodeka-sedite-2.jpgСеднете исправено со двете нозе на под, а рацете испружени покрај телото.

Држејќи го вратот исправен, исправете ги и плешките.

Рамениците не ги дигајте.

Задржете се во исправена положба, извлечете ги рамениците напред и ротирајте го телото лево-десно.

Повторете неколку пати со умерено темпо.

 

 

 

Трета вежба

9-vezbi-za-zdrav-i-prekrasen-grb-koi-se-pravat-dodeka-sedite-3.jpgСеднете исправено, а колената раширете ги во линија со рамениците.

Свиткајте ги рацете кај лактите, допирајќи ги рамениците, па почнете да правите кружни движења.

Повторете ја вежбата неколкупати, па променете ја насоката.

 

 

 

 

 

Четврта вежба

9-vezbi-za-zdrav-i-prekrasen-grb-koi-se-pravat-dodeka-sedite-4.jpgСеднете на работ на столицата, а колената раширете ги во линија со рамената.

Ставете ги рацете зад главата со широко отворени лакти.

Рацете мора да бидат паралелни со подот.

Вртете го телото лево-десно повеќе пати.

 

 

 

 

Петта вежба

9-vezbi-za-zdrav-i-prekrasen-grb-koi-se-pravat-dodeka-sedite-5.jpgСеднете исправено, а колената во ширина на рамениците.

Ставете ги рацете зад главата.

Извиткајте го грбот и гледајте во плафонот.

Навалете се колку повеќе можете, а подбрадокот треба да гледа нагоре.

Повторете колку пати можете.

 

 

 

Шеста вежба

9-vezbi-za-zdrav-i-prekrasen-grb-koi-se-pravat-dodeka-sedite-6.jpgСеднете исправено, колената спојте ги.

Навалете се нанапред под агол од 90 степени.

Пробајте да не го извиткате грбот.

Задржете се неколку секунди во оваа положба, па вратете се како на почетокот.

Повторете 5-6 пати.

 

 

Седма вежба

9-vezbi-za-zdrav-i-prekrasen-grb-koi-se-pravat-dodeka-sedite-7.jpgПовторно седнете исправено, но овојпат раздвојте ги колениците.

Рацете ставете ги позади главата и вртете го телото странично.

Повторете повеќе пати.

 

 

 

 

 

 

Осма вежба

9-vezbi-za-zdrav-i-prekrasen-grb-koi-se-pravat-dodeka-sedite-8.jpgСедете исправено со раширени коленици, а рацете ставете ги на бутовите.

Виткајте го средниот дел од грбот и половината, без да ги мрднете рамениците.

Виткајте се нанапред и наназад колку повеќе можете.

 

 

 

 

 

Деветта вежба

9-vezbi-za-zdrav-i-prekrasen-grb-koi-se-pravat-dodeka-sedite-9.jpgСеднете на раб од столицата.

Ставете ги рацете на колената.

Поместувајте го средниот дел од грбот лево-десно, без да си помагате со карлицата или рамениците.

Повторете 5-6 пати.

 

 

 

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 вежби што можете да ги правите додека ја гледате омилената серија Ако повеќе сакате да си пуштите серија или филм отколку да одите во теретана, зо...
3 лесни јога вежби за трудници – ги намалуваат болките и вкочанетоста Јога вежбите се одлични за намалување на вкочанетоста и болките кои доаѓаат со б...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
7 вежби за нозе, идеални ако имате проширени вени Недостатокот од физичка активност е една од причините за појава на проширени вен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg