3 лесни јога вежби за трудници – ги намалуваат болките и вкочанетоста

Јога вежбите се одлични за намалување на вкочанетоста и болките кои доаѓаат со бременоста.

3-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-za-bremeni-zheni-gi-namaluvaat-bolkite-i-vkochanetosta-01.jpg

Болките во телото не се ретка појава кај трудниците, особено кога се во поодмината бременост.

Тежината на бебето и намалената подвижност може да предизвикаат вкочанетост, неудобност и болка во мускулите и зглобовите.

Јогата е идеалната активност за раздвижување и истегнување, а голем број вежби се соодветни и за трудници, иако некои со мали модификации.

Секако, ако имате многу силни болки, секогаш треба да се консултирате со лекар.

Три јога вежби за трудници со кои ќе се истегнете и ќе ги намалите болките во телото:

Прва вежба

Оваа вежба е позната како „пеперутка“ и може да ја намали болката во долниот дел од грбот.

Ги истегнува и мускулите во областа на карлицата и ја подобрува флексибилноста.

Како да ја направите:

Седнете во удобна положба на подот, свиткајте ги колената кон надвор и спојте ги стапалата.

На подот зад грбот поставете перница и со помош на рацете нежно навалете се кон назад и легнете на перницата.

Останете во положбата околу две минути, со бавно и длабоко дишење.

3-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-za-bremeni-zheni-gi-namaluvaat-bolkite-i-vkochanetosta004.JPG

Втора вежба

Со оваа вежба ќе ги истегнете мускулите и ќе ги намалите болките во горниот дел од телото, особено градите и рамената.

Како да ја направите:

Застанете исправено со нозете во ширина на колковите, а пред вас ставете стол.

Поставете ги рацете на столот – може и на наслонот на столот ако не можете да се наведнете до местото за седење како на фотографијата.

Направете еден чекор назад и наведнете се кон напред со исправени раце држејќи се за столот.

Држете ја положбата 30 секунди, па повторете уште еднаш-двапати.

3-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-za-bremeni-zheni-gi-namaluvaat-bolkite-i-vkochanetosta-04.JPG

Трета вежба

Оваа вежба ги истекнува и релаксира колковите и долниот дел од грбот.

Како да ја направите:

Седнете на подот со свиткани нозе – раширете ги колената колку што е потребно за да се чувствувате удобно.

Со испружени раце спуштете се на подот.

Ако сте во поодмината бременост и не можете да се спуштите до долу, слободно ставете перница пред вас, како на фотографијата.

Додека се во положбата можете да правите нежни кружни движења со колковите, за дополнително истегнување.

Останете во положбата околу две минути, со длабоко дишење.

3-joga-vezhbi-za-istegnuvanje-za-bremeni-zheni-gi-namaluvaat-bolkite-i-vkochanetosta04_copy.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg