За совршено тело: Фитнес ѕвезди кои вреди да ги следите на Инстаграм
Добро познати ни се оние Инстаграм профили каде прекрасно зготвената храна прави лиги да ни течат двојно повеќе. Но, дали е така и со оние профили кои не мотивираат на активност, вежбање и фитнес?
Во случај да не сте погледнале по овие профили, еве неколку одлични препораки за вас.
1. Christmas Abbot, @ChristmasAbbot
Во случај да се двоумите во однос на изгледот на девојките кои креваат тегови и не би сакале вие самите да се обидете да тренирате на овој начин, Крисмас е идеален профил за вас. Таа има повеќе од 246.000 следбеници и безбројни слики каде дига неверојатно тешки тегови.
2. Amanda Bisk, @AmandaBisk
Оваа Австралијанка со вистинска причина има стекнато неверојатни 389.000 следбеници. Таа е спортски психолог, јога инструктор и што е најважно изгледа прекрасно на сликите каде покажува како напорно се вежба.
3. Kaisa and Jennifer, @TwoBadBodies
Каиса е магистрирана во потесното подрачје „Наука на вежбањето“, а нејзината пријателка Џенифер е нутриционист. Заедно имаат 355.000 следбеници и претставуваат забавно спортско дуо кое ќе ве инспирира веднаш да појдете на кеј и да вежбате со најблиската пријателка во пар.
4. Cassey Ho, @Blogilates
Кејси е фитнес и пилатес инструктор со 970.000 следбеници на Инстаграм. Нејзините слики се преполни со грациозни пози и предлози за здрава исхрана.
5. Jeanette Jenkins, @MsJeanetteJenkins
За своите 287.000 следбеници оваа позната инструкторка постојано објавува мотивациони цитати и го прикажува своето разголено тело. Вториот дел е особено важен. Со сигурност ќе ве натера малку повеќе и понапорно да вежбате откако ќе ги видите нејзините затегнати стомачни.
6. Emily Skye, @EmilySkyeFit
Повеќе од 921.000 луѓе го следат овој прекрасен австралиски модел кој моментално е и личен тренер кој најчесто објавува слики од сопствените стомачни мускули и слатка насмевка.
7. Lita Lewis, @FollowtheLita
Нејзините видеа и мотивациски фотографии се причина поради која има 333.000 следбеници на нејзиниот Инстаграм профил.
8. Jenelle Salazar, @GetBodiedBy_J
Посакувате креативни идеи за вежбање? Овој профил е вистинското место за вас. Оваа мајка и фитнес тренер токму затоа има 363.000 следбеници на Инстаграм.
9. Lyzabeth Lopez, @LyzabethLopez
Имате „песочен часовник“ форма на тело? Дојдовте на вистинското место за вас. Тука ќе најдете идеални вежби токму за вашиот тип на тело, а 1.8-те милиони следбеници ќе ве уверат во тоа.
10. Massy Arias (aka Mankofit), @Massy.Arias
Позната е по својот позитивен став кој дури 1.7 милиони следбеници секојдневно го препознаваат на Инстаграм апликацијата на нивните мобилни телефони. Зошто да не се мотивирате и вие?
Погледнете уште 9 Инстаграм профили на наредната страна...