10-Минутен пилатес за утринско будење и супер тело
Ако наутро ви е најдоброто време за вежбање, тогаш овие 10-минутни вежби се идеални за вас и за вашето утринско будење.
Пробајте ги овие вежби кои ги разбиструваат мислите, го забрзуваат метаболизмот и ја враќаат рамнотежата.
1. Столче
Го зајакнува абдоменот, ја подобрува циркулацијата и ве учи да го контролирате дишењето. Легнете на грб и подигнете го горниот дел од телото, потоа дигнете ги и нозете, но грбот задржете го на подлогата. Со подигнатите раце динамично удирајте го подот, така што на секои 3-5 удари вдишете и на секои 3-5 удари издишете. При издишување стегајте го стомакот. Повторете 10-15 вдишувања и издишувања.
2. Подигнување на нозете
Ова е одлична вежба за зајакнување на мускулите. Клекнете на едно колено и потпрете се на двата лака на подот. При издишување дигнете ја слободната нога во висина на колковите. Повторете 10 пати на секоја страна.
3. Ротација на рбетот
Ги зајакнува и истегнува мускулите на грбот. Седнете исправено и испружете ја едната нога. Другата нога свиткајте ја и поставете ја од надворешната страна на испружената нога. При издишување ротирајте го телото кон свитканото колено и на него ставете ја раката од спротивната страна, со што ќе ја зголемите ротацијата. Со погледот следете ја насоката на ротацијата. Повторете 3 пати на секоја страна.
4. Истегнување нанапред
Легнете на грб и рацете истегнете ги над главата, нозете испружете ги, спојте ги и затегнете ги стапалата. Вдишете и дигнете ги рацете во воздух. На издишување дигнете го телото, а во следната позиција вдишете, а со издишување повторно спуштете го. Повторете 8 пати.
5. Градно пливање
Легнете на стомакот со испружени нозе во ширина на колковите. Рацете испружете ги и држете ги до телото. При издишување дигнете ги градите, рамениците и рацете од подот. Дигнете ги нозете од подот и затегнете го задникот. Спуштете го телото и нозете на под. Повторете 10 пати.