6 правила преку кои ќе ги најдете вистинските патики за трчање

Покрај преголемиот избор на патики како е можно да знаете кои се вистинските за вас? Тука ќе најдете неколку корисни совети кои ќе ви помогнат во одлуката.

6-pravila-preku-koi-kje-gi-najdete-vistinskite-patiki-za-trcanje-01.jpg

Една од најдобрите работи на трчањето е едноставноста. Се што ти е потребно се патиките за трчање. За жал пронаоѓањето на вистискиот пар не е едноставна работа. Вистинските чевли подразбираат совршено совпаѓање со вашето стапало и начин на трчање.

Докторите и терапевтите тврдат дека доколку не ги поседувате соодветните патики за трчање поголема е веројатноста дека нема да се здобиете со фит фигура, туку со голем број на повреди.

Еве неколку клучни совети кои ќе ти помогнат да го пронајдеш соодветниот пар за тебе:

1. Мерете ги километрите

Патиките за трчање неопходно е да ги менувате на секои 400 до 800 истрчани километри. Колку побргу треба да ги смените во главно ќе зависи од вашиот начин на трчање и на каква површина трчате.


2. Проучете го вашето стапало

Научниците тврдат дека доколку имате рамни стапала многу е поголема веројатноста дека целата нога ќе ви се накривува навнатре. Оваа појава покрај тоа што ја менува положбата на нозете може да го искриви и р’бетниот столб. Доколку сте дел од оние луѓе кои имаат рамни стапала при трчање, неопходно е да одберете постабилни обувки кои во себе ќе содржат и навлаки.

Доколку имате нормални стапала можете слободно да се одлучите за пофлексибилни патики.


3. Внимавајте на отоци

Докторите препорачуваат да ги купите новите патики во доцните часови веднаш по долгочасовното трчање. На овој начин можеби ќе откриеш дека ти е неопходен поголем број на патики.

6-pravila-preku-koi-kje-gi-najdete-vistinskite-patiki-za-trcanje-1.jpg

4. Послушај го говорот на телото

Секогаш земај ги предвид и болките за време на трчањето. Доколку чувствуваш дека патиките ти се претесни, поголема е веројатноста дека ќе се здобиеш со сриозни повреди на целата нога. Прв дел кој е најзагрозен од носењето на претесните патики е коленото.


5. Посвети внимание на површината на која трчаш

Доста е важно дали трчаш на кеј по бетонски поплочената патека или пак трчаш по земјата. Нерамните површини за трчање бараат посебен тип на патики кои ќе бидат задолжени да одржат рамнотежа и да го олеснат трчањето.


6. Не трчајте во патики за вежбање

Доколку се одлучите да трчате на долги стази, многу е важно да внимавате на видот на патика која сте ја одбрале. Никогаш не трчајте повеќе од еден час во патики кои се наменети за вежбање во теретана.  

Би можело да ве интересира:

6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
6 утрински вежби што ќе ви дадат енергија (се прават и во кревет) Ако немате многу време (или енергија) за вежбање, сигурно можете да одвоите 10-т...
Јога пози со кои ќе го подобрите капацитетот на белите дробови Одредени јога пози ги „отвораат“ градите при што се подобрува протокот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg